Home News Боки Бургија: Луѓе со лажни беџови, придружувани од „бели мантили“ влегуваа преку...

Боки Бургија: Луѓе со лажни беџови, придружувани од „бели мантили“ влегуваа преку ред на имунизација

Борче Трајковски во статус на својот профил на социјалните мрежи, како што само тој знае, ги опиша турканиците на пункт за имунизација:




„Цацко е секој од нас… И во повеќекилометарска колона да застанеме на два метри растојание еден од друг, со маски, многу побргу ќе стасаме до вакциналното столче на пунктовите одошто со турканици збиени едни во други, ко у стара 57 на враќање од корзо седумдесетите.




Синдромот на стадото и ургенциите за банална работа како што е вакцината и ревакцината го создаваат ха осот. Не Венко, не Заев, не владата.

Совеста е таа која во вакви ситуации го обезбедува редот, спокојот и сигурноста на вакциналните пунктови…




Првата доза ја примив во мај преку закажан термин, беше задоволство да се ужива во организираноста на медицинскиот кадар и брзината, истиот впечаток го имав и денес на датумот за закажаната ревакцина. Кај тие девојки и момчиња се гледаше истата насмевка, љубезност, организираност..




Во пунктот немаше неред, турканици и гласни довикувања. Тоа се случуваше надвор од пунктот. Во за гушливиот ходник пред него, на скалилата без прозорци, во долгиот хол на влезот во поликлиниката и во дворот пред истата.

Не дојдоа Венко и Заев, или кој било од владата да не’ поттурне како стадо за да направиме ха ос од ст ам педа, да ги иск рш име вратите и прозорците за први да влеземе, да се пц уе ме едни со други. Сами го правиме тоа…




Едни гневни на оние кои со апла ургенции влегуваа преку ред заобиколувајќи ја колоната, други со некакви лажни беџови на вратовите во придружба на луѓе во бели мантили, а луѓе со часови стојат во загушлив простор или на сонце. Тоа се моментите кои во вакви ситуации нервираат, го креваат адреналинот за сами да предизвикаме неред и недисциплина…




Гледам нови фотографии од поликлиниката Чаир, ништо поразлично не било и на другите пунктови, истата слика како онаа од сабајлево, можеби и полоша. Ниту полицијата можела да ја доведе во ред тамошната состојба.




Искрено, не ми пречеше тоа што ми е пробиен терминот за ревакцина (8 и 15 ч), и тие луѓе кои дошле прв пат да се вакцинираат заслужуваат почит заради намерата, ама ми пречеше тоа што и јас во стадото морав да реагирам на истиот, неубав, нецивилизиран начин, за да си го сочувам местото во колоната.




Во вакви ситуации ни влада, ни Венко, ни Заев можат да ни помогнат, ни Горниот, освен сами, ама исто како кога сме сами. Зошто го прифаќаме однесувањето на толпата кога сме во неа, е филозофија која прецизно е објаснета од социолозите и филозофите.




Не е дека не знаеме, дека не сме свесни за мерките кои се’ уште се актуелни, знаеме се’, ама феноменот на синдромот на стадото не можеме да го отстраниме, за жал…




Previous articleКунгуловски: Ако не се имунизирате, сигурно ќе се заразите
Next articleУбавата водителка Елена Стојановска на плажа – пожешка од времето (ФОТО)