Home News Бране бара Левица на Апасиев да се извини за изнесените лаги: Претседателот...

Бране бара Левица на Апасиев да се извини за изнесените лаги: Претседателот нема да учествува на приватната забава

Членот на највисокото раководство на ЛЕвица, Реџеп Исмаил, во статус на Фејбук вчера, напиша:




„Следен пат кога Бране или било кој од ДПНЕ ќе пројаде бурек за Левица и нејзиниот лидер, прашајтего следниве неколку – меѓусебно поврзани во целина – работи:

– Што ќе слави партиското раководство-му на забавата организирана од локалното фундаменталистче на империјалистите?;




— Дали можеби ќе слави територијална поделба на Македонија каде практично нејзината унитарност е разбиена и истата е обезличена од секој аспект: еколошко, урбанистички, културолошки, политички па и економски и инфраструктурно?




— Дали ќе слави јубилеј на те ро рис -тич ки акти врз државата при што во неколку наврати беа жртвувани припадници на легалните одбранбени сили на државата меѓу кои и доброволци од работничката класа кои искрено, чесно и со сета своја свита застанаа во одбрана на народот свој и биваќи подло наместени беа ув иени како жртви за денешна Северна




без никаков територијален интегритет и уништен национален суверенитет како и исплукана фолк и национална култура и творештво. А нивните семејства иставени во заборав на времето згазени од силите на нео-либерализмот како главна “придобивка” од стратешките партнери на партијата вмро-дпмне?




– На каква ли слава иде неговиот лидер?“

На овој негов пост, одговор му даде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски:

„Уште една од низата ЛАГИ со кои Левица си ја одработува задачата на лажна опозиција добиена од Заев, за внесување ра здор во опозицискиот фронт..




Ниту претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на посочената приватна забава, особено што во време на криза за истата се трошат огромни суми народни пари.




Ајде сега Левица барем еднаш нека покаже доблест, морална вредност и култура, па нека се извини на ВМРО-ДПМНЕ за изнесената лага.

П.С. Реџеп Исмаил е член на президиум на Левица, човек послушник на Апасиев и лажен борец против олиг архијата. Детали наскоро.“




Previous articleКоја ЦАРИЦА: Цеца заработи преку 700 илјади евра за само 4 часа од оваа песна
Next articleБојко Борисов кажа што ќе направат доколку го добија мандатот за состав на Влада