Home News Главната научничка во Фајзер кажа после колку месеци е потребна трета, БУСТЕР...

Главната научничка во Фајзер кажа после колку месеци е потребна трета, БУСТЕР доза

По најавата за новите мерки од понеделник во нашата држава, вакциналните пунктиво се преполни со луѓе кои сакаат да се имунизираат.




Сега, длема во светската научна јавност е дали и кога да се даде трета, бустер (засилувач) доза од вакцината, бидејќи со појавата на Делта сојот, заклучокот е дека ефикасноста на двете дози е значително намалена, особено кај оние кои се вакцинирале пред 6 или повеќе месеци.




Главната научничка во „Бионтек“, Озлем Туречи, најави дека ќе биде потребна трета доза од вакцината, но дека составот на вакцините нема дополнително да се модифицира поради делта сојот на вирусот.




Туречи, една од основачите на германската компанија која произведува вакцини против коронавирус во соработка со „Фајзер“, за време на прес-конференција објави дека третата доза, која се нарекува засилување или „бустер доза“, треба да се даде една година по првиот циклус на вакцинација, пренесува „Политико“.




Таа потврди дека студиите покажале оти постои силна ефикасност на имунизација со две дози, но дека третата предизвикува силен неутрализирачки одговор врз делта и бета сојот на коронавирусот и обезбедува највисоко можно ниво на заштита.




Претставничката на „Бионтек“ верува дека вакцината сега не треба дополнително да се модифицира, но тоа не значи дека и во иднина нема да има потреба од тоа.

Генералниот директор на германската компанија, Угур Сахин, е на став дека на вакцината ќе се работи во следните шест до 12 месеци, поради евентуална појава на нови соеви.




Европската унија нарача 900 милиони дози вакцини од „Фајзер“ / „Бионтек“ со можност да нарача уште многу повеќе, а од германската компанија нагласија дека ова е најголемиот договор за набавка во историјата на фармацевтската индустрија.




Договорот беше направен со цел Унијата да има доволно дози за трета вакцинација, доколку тоа е потребно, наведува „Политико“.




Previous articleБојко Борисов кажа што ќе направат доколку го добија мандатот за состав на Влада
Next articleДоколку ОВА е вашиот пин, веднаш сменете го: Крадците овие 10 кодови буквално ги знаат напамет