Home News Кунгуловски: Ако не се имунизирате, сигурно ќе се заразите

Кунгуловски: Ако не се имунизирате, сигурно ќе се заразите

Статус на Горан Кунгуловски: Ајде да пристапиме логички и разумно и да утврдиме каква е реалноста.




КОВИД пандемијата го начека целиот свет неспремен и до пред 9 месеци сите бевме во скоро безизлезна ситуација. Тоа е реалноста. Вирусот беше високо заразен на почетокот, сега стана уште неколку пати позаразен. Тоа е реалноста.




См ртноста е под 0.1% кај млади и како се зголемува старосната граница така се зголемува и см ртно ста до 15-20%. Значи во најдобар случај, ако не вашиот, тогаш родителот или дедото/бабата на некој што го знаете ќе поч ине.




Кога ќе се земе заразноста и бројката на инфицирани предвид, тоа се преведува во многу голем број на смртни случаи и целосна блокада на здравствениот систем. Со тоа и ум иpање или влошување на хронично болните што не се заразени. Што и го гледаме. Тоа е реалноста.




За ова повеќе да не биде реалност и да не биде безизлезна ситуација, целиот научен свет како никогаш досега се сплоти и за рекордно време со многу пари и претходни знаења од SARS-CoV-1 и MERS и другите сезонски коронавируси направи ВИСОКО ЕФЕКТИВНИ (не се перфектни бидејќи ниедна вакцина не е) вакцини. Тие вакцини драстично (10-30 пати) го намалуваат ризикот за смрт и хоспитализација.




Значи ризикот за см рт на стар човек го прават сличен како ризикот за с мрт на млад човек. Многу родители, дедовци и баби, СПАСЕНИ. Исто така вакцините ја намалуваат шансата за инфекција и понатамошно расејување на болеста. Со тоа многу луѓе што во друг случај би се заразиле ќе останат незаразени и спасени. Тоа е реалноста.




Да се биде вакциниран и инфициран е една болест од истиот вирус. Да се биде невакциниран и инфициран е консеквентно друга болест предизвикана од истиот вирус. Има два избори:

Да се вакцинирате сами и да ги убедите да се вакцинираат вашите родители, баби и дедовци. Со тоа им давате многу голема шанса за да ја преживеат оваа пандемија, макар и се заразиле. Тоа е реалноста.




Да не се вакцинирате, значи дека сигурно ќе се заразите: дали сега, дали за еден месец, дали за една година. Со тоа ќе укажете дека не ви е гајле ни за вас ни за вашите родители, дедовци, баби, пријатели и сограѓани.




Не дозволувајте да се случат семејни трагедии поради нечиј инает и незнаење. Досега се покажало дека болеста КОВИД води од неколку пати до стотици пати поголем ризик за остварување на вашите најголеми стравови отколку било која вакцина.




Засега, вакцините се единствениот излез за намалување на страдањето и црната смрт. Ситуацијата е таква. Лоша. Ако имате друг предлог, научниот свет е спремен да слуша. И не, засега нема лек за вирусот.




Previous articleЖељко и Цеца со мајка и – ретко видено ФОТО од младоста на пејачката
Next articleБоки Бургија: Луѓе со лажни беџови, придружувани од „бели мантили“ влегуваа преку ред на имунизација