Home Live Убавата водителка Елена Стојановска на плажа – пожешка од времето (ФОТО)

Убавата водителка Елена Стојановска на плажа – пожешка од времето (ФОТО)

Елена Стојановска од утринската програма на ТВ Сител, кариерата ја започна на 16 години во саботната радио емисија „Наши графити “на Втора програма Македонско радио. Таму остана до 2016.




-Имав мали паузи но дефинитивно Сити радио беше моја најголема и најдолга радио приказна. На телевизија почнав на 18 години со емисијата 100% на А1 телевизија, а еве сега речиси дваесет години подоцна ги будам гледачите на Сител во утринската „Ја сакам Македонија“. Имав и мали прекини, но сепак вака во бројки е прилично долг период.




Радиото дозволува комфор и ви дозволува да бидете вие, без никакви маски од шминка, внимателно седење, внимавање на гестикулацијата. Некогаш и тешко беше да се одвојат едниот од другиот медиум, но радиото мене ми помагаше за говорот на телевизија..




Радиото направи да имам брза течна мисла, да се снаоѓам во повеќе ситуации. Телевизијата пак си има свои придобивки, присутноста на тв екраните е фантастична промоција за некој што решил да се занимава со оваа работа“, изјави таа во интервју за Убава.мк




Елена, која е со години омилена кај гледачите, во истото интервју вели: Верувам во тоа дека човек мора да работи на себе, во секој домен. Јас сум „бубалица“. Таква бев и на училиште, таква сум и во професијата..




Не се потпирам на случајност. Но, кога се трудиш, кога работиш мислам и дека тоа не може да помине незабележано. Вистински луѓе ќе го препознаат и тука веќе се случува магијата.




Таа е ќерка на Илина и сопруга на Огнен, а за својата ќерка Елена изјави: Кога првпат ја видов, се помирив дека физички не личи на мене. Ниту на татко и. Илина е своја и гледајќи ја мислам дека е совршена божја креација.




Искрено, посакувам само да е здрава. Карактерно би ми било доволно ако научи да ги почитува луѓето но поради вистинските вредности“, рече Елена. Во интервју за Фешенел, таа зборуваше за модата:




Модата има значајно место во мојот живот. Вага сум во хороскоп, па вистина ги сакам убавите нешта. Се обидувам да бидам убаво облечена во склад со пригодата, обожавам да гледам ревии, документарни филмови за големите креатори, знам да забележам промена кај луѓето. Мислам дека сево ова е доказ, зарем не?




Радиото дозволува комфор во многу нешта за разлика од телевизијата, па и во облеката. Но, јас сум доследна на себе. Не се шминкам за на радио, но изборот на гардероба е пристоен и во согласност со тоа како се чувствувам, некогаш знам и многу да се дотерам“, рече Елена.




Убавата водителка обкави слики од егзотично место. Имено, таа замина на одор на Карибите и објави слики во бели бикини на кои веднаш доби пофалби од колешките Снеже Велков, Александра Илиевска, Цеце Трајковска, како и од пејачката Лидија Кочовска.

Сите ѝ рекоа дека Карибите ѝ годат и оти би требало таму да остане.

Previous articleБоки Бургија: Луѓе со лажни беџови, придружувани од „бели мантили“ влегуваа преку ред на имунизација
Next articleОд новите хоспитализирани – најчесто се мажи, а две причини се заеднички за скоро сите: Еве каква е состојбата во Србија