Home News Денес Али Ахмети го потврди она што Љубчо Георгиевски повеќе пати го...

Денес Али Ахмети го потврди она што Љубчо Георгиевски повеќе пати го има кажано: На маса била опцијата за поделба

Поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски важи за човек кој без влакна на јазикот ги соопштува сите свои размислувања, поради што многу често е омаловажуван и етикетиран на социјалните мрежи.




Минатото лето, во гостување во емисијата „Во Центар“, на прашање од новинарот Васко Ефтов, дали Георгиевски кога беше Премиер му праќал на Али Ахмети сигнали за размена на територии, Георгиевски изјави:

-Јас на Али Ахмети не сум му праќал никакви сигнали. Јас за таа идеја разговарав со Арбен Џафери, кој беше исклучителен лик во албанскиот дел од Македонската политичка сцена.




Сакам да ви кажам дека оваа идеја постоеше и беше прифатлива за многу луѓе. Со идејата се согласуваа тогашниот Претседател Борис Трајковски, Доста Димовска, Стојан Андов и не еден, туку најмалку тројца академици, кои јас нема да ги споменам, туку ако се доблесни нека си кажат сами.




Јас и Борис Трајковски со оваа идеја го запознавме тогашниот амбасадор Кристофер Хил. Но Кристофер Хил рече НЕ. За Американците, оваа идеја не беше прифатлива, рече Љубчо Георгиевски.




Таа идеја не е од некој што и мислел лошо на Македонија. Таа идеја потекнуваше од луѓе кои и мислеа добро на Македонија. Трампата требаше да ги опфати Тетово, Гостивар и Дебар, за Преспа од другата, од Албанска страна. Скопје никогаш не дошло под знак прашање, рече Георгиевски.




Денес, при одбележувањето на дваесет годишнината од рамковниот договор, Али Ахмети ги потврди овие тези на Љубчо Георгиевски и истакна дека ваква идеја била ставена на маса:

–Во почетната фаза од Охридскиот договор, јас бев во многу тешки позиции за да дадам или пред меѓународната заедница и домашната јавност, платформата за која ние ја бараме.




Требаше една добро подготвена платформа и национално и меѓународно заштитена процесирана добро обмислена и напишана. Неколку драфтови кои ми ги носеа неколку правници не покриваа тоа и главниот штаб што го баравме.




Тогаш преку неколку пријатели стапивме во контакт со експерти од правната сфера, но и на меѓународните законски одредби, Пол Вилијамс на кого сум му многу благодарен, сме се сретнале, сум го слушал со часови, пак сме се сретнале, повторно сме размениле мислење, потоа повторно средба по средба исе направи еден добар предлог со кого јас се согласив ако се сеќава Пол Вилијамс сум го потпишал и со име и презиме и со потпис дека тоа решение го прифаќам.




Целосно сум го прифатил мировниот договор во Охрид и за ова се сведоци сите претставници на НАТО и ЕУ, рече Ахмети говорејќи за рамковниот договор, а потоа нагласи дека поминале низ многу потешкотии и премрежја.

– Најголемата потешкотија која ќе беше трагична и за Албанците и за Македонците ќе беше поделбата на оваа држава.




Тогаш, пред 20 години и оваа опција беше на маса и јас ќе бидам благодарен на НАТО, Вашингтон и Брисел дека најдовме сила, поддршка против оваа трагична опција со непредвидливи последици за нашите граѓани, заклучи Ахмети, а пренесе А1 он.




Previous articleСтојанче му одговори на Пендаровски за Арачиново: Јас бев таму и од прва рака ќе ви кажам дека грешите
Next articleПозитивните кои се тестирале со тест од аптека, можат да го сеат вирусот без контрола