Home News Ќе извиси ли Коце за град Скопје? Од партијата велат уште е...

Ќе извиси ли Коце за град Скопје? Од партијата велат уште е рано и ги демантираат написите во медиумите

Во текот на вчерашниот ден објави ТВ21, токму актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска ќе биде кандидатот за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.




Денес, ТВ 21, но и други медиуми, известуваат дека оваа вест ја потврдиле високи функционери од партијата. Инаку, се посочуваат и кандидатурите за овие пет општини:

Орце Георгиевски – Кисела Вода, Дарко Костовски – Бутел, Александар Стојковски – Ѓорче Петров, Бобан Стефковски – Гази Баба.




Од ВМРО-ДПМНЕ вечерва испратија демант во кој негираат дека станува збор за официјален брифинг во однос на имињата за кандидати за градоначалници на наредните локални избори..




Од таму велат дека „ВМРО-ДПМНЕ во најскоро време, во текот на наредната недела ќе излезе со официјална листа на имиња за кандидати за градоначалници во најголем дел од општините за наредните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021 година“.




Инаку најчесто споменувано име за Град Скопје, беше поранешниот Градоначалник, Коце Трајановски. Тој во својот последен пост на социјалните мрежи, од пред 4 дена, пишува:

„Денеска читам уште една клевета кон мене односно, Коце бил крив за ниската плата на пожарникарите.

Претходната клевета беше кога Шилегов ја покачи цената на водата воведувајќи нова давачка за одржување на зеленило.




Тогаш изјави дека само ја спроведува одлуката на Коцe. Но, времето покажа дека дека тоа е лага и клевета.

Додека бев градоначалник имав постојана и непосредна соработка со синдикатот на пожарникарите и со пожарникарите. Благодарение на таа соработка уште во 2010г. им ја покачивме платата за 10% а потоа уште еднаш за 5% но и тоа не беше доволно.




Затоа заедно со синдикатот на пожарникарите изготвивме измени на законот за пожарникарство и донесовме нов Колективен договор меѓу синдикатот и градот Скопје. Тоа создаде услови за пожарникарите да ја добијат потребната плата што им следува.

Со доаѓањето на П. Шилегов голем дел од пожарникарите своите права за плата ги добиваа по судски пат.




Правилникот кој е изготвен од градот Скопје е едностран акт ( донесен без консултација на синдикатот ) кој не ги решава проблемите на пожарникарите во целост и не ја добиваат потребната плата.




Затоа престанете да клеветите и обвинувате. Престанете да ја дефокусирате јавноста туку гледајте како навремено да го организирате и да го ставите во мобилна состојба Штабот за заштита и спасување на град Скопје и навремено да се справите со пожарите.




Она што треба да им го објасните на граѓаните на град Скопје е како набавивте скала која е скоро дупло поскапа од истата скала која ја набави град Загреб. Запомнете не ја спориме набавката на скалата туку цената која скопјани ја платија.“




Previous articleПозитивните кои се тестирале со тест од аптека, можат да го сеат вирусот без контрола
Next articleСе огласи д-р Андреј од Берлин со убави вести – Еве кога очекува да се врати животот во нормала