Денес беше објавена анкетата на НДИ, на која, покрај другото, бил мерен и рејтингот на партиите и на политичарите и лидери на партии.
На анкетата се опфатени и прашања за политичките партии, политичарите и гласањето на избори. На прашањето „Ако на избори излегуваат партии, а не коалиции, за која партија би гласале?“, 14 отсто се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 10 отсто за СДСМ, по 5 отсто за ДУИ и за Левица, 4 за Алијанса/Алтернатива.
Кога станува збор за доверба во политичарите, на врвот е Зоран Заев во кого веруваат 8 отсто од анкетираните, па Христијан Мицкоски со 5 отсто доверба, Стево Пендаровски и Димитар Апасиев имаат доверба од 4 отсто, а Зијадин Села и Али Ахмети по 2 отсто. Но, многу високи 50 проценти немаат доверба во никого.
По објавувањето на резултатите, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев:
Ова е веќе СЕРИОЗНО водство за ВМРО-ДПМНЕ. Односот 14 : 10 покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има 40 % повеќе гласови од СДСМ. Уште неколку поенти:
– Има доста неопределени, но кај нив УБЕДЛИВО преовладува анти-владиното расположение.
– Многу луѓе молчат на анкетите, не се изјаснуваат поради притисоците од власта, но ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
– Гласачите на другите опозициони партии се сериозен потенцијал за кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, особено во вториот круг. Тие луѓе едноставно НЕ сакаат да гласаат за Заев и за СДСМ.
На советничките листи ќе гласаат за своите партии, а за градоначалници најголемиот дел ќе ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, иако ние ќе треба да понудиме добра програма.
– Опозиционите АА / Алтернатива имаат 5 %, исто како ДУИ. Гласачите на АА / Алтернатива НЕ сакаат да гласаат за власта на СДСМ и ДУИ.
– ЛДП и ДОМ ќе настапат самостојно, без СДСМ.
Анкетата на НДИ минатата година пред парламентарните избори прогнозираше 24 : 21 водство за СДСМ, односно 15 % предност за СДСМ.
Сега анкетата е 14 : 10 за ВМРО-ДПМНЕ, односно разлика од 40 %. Разликата е толкава што НЕМА да им помогнат поткупот и манипулациите во изборниот молк.
За крај: Власта ќе ги загуби локалните избори. Народот сака пораз на Заев и нова влада. Споделете. И, спремајте се за локални. Ќе победиме“, напиша Влатко Ѓорчев на својот профил на социјалните мрежи.