Home News Сега се веќе појасни многу работи: Од почетокот на новиот бран, ниту...

Сега се веќе појасни многу работи: Од почетокот на новиот бран, ниту еден имунизиран не е упокоен

За една недела во Северна Македонија поч инаа 25 лица со Ковид-19, но ниту еден од нив не бил вакциниран.




Ова го покажува неделната анализа на Министерството за здравство, којашто ќе се објавува редовно во наредниот период, а која укажува дека смртноста кај невакцинираните е 100%..

Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.




Во периодот од 06.08 до 12.08.2021 на територија на државата 3497 граѓани биле позитивни од тестираните, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%. Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани.




Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација. „Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од см рт-ен исход.




Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, се вели во соопштението.




На вакциналните пунктови досега се вакцинирани се вкупно 571.392 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.808 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.574 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 1.033.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани. Во земјава има 3.746 активни случаи на Ковид-19, од кои најголем број во Скопје и во Тетово.




Оваа информација, на својот профил на социјалните мрежи, ја сподели и министерот за здравство, Венко Филипче:

„Во период 06.08 до 12.08.2021 на територија на државата 3497 граѓани се позитивни од тестирани, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%. Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани..




Од поч инат -ите, 100% се невакцинирани, покажува анализата. Во период од една седмица на територија на државата поч инале 25 лица со Ковид 19, ниту еден од нив не бил вакциниран.




Важно е граѓаните да се вакцинираат, затоа што секоја вакцина е безбедна и ја намалува шансата од заболување, но и ја спречува тешката форма на болеста и штити од смрен исход. Апелирам граѓаните кои досега се немаат вакцинирано, да го сторат тоа уште денес.“




Previous articleВисоки казни за угостителите, доколку некој седи во објект без сертификат за имунизација
Next articleПо објавувањето на анкетата на НДИ, се огласи Влатко Ѓорчев: Во втор круг за нас ќе гласаат и глачаите од останатите опозициски партии