Home News Спасов: Ефтина манипулација – 7 примероци од Охридскиот рамковен договор има во...

Спасов: Ефтина манипулација – 7 примероци од Охридскиот рамковен договор има во оригинал

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, пред неколку дена во Државниот архив го предаде оригиналниот документ на Охридскиот рамковен договор, за истиот да биде архивиран, 20 години по потпишувањето на спогодбата.




„Исклучително сум задоволен што по две децении недостасување на оригиналниот документ на Охридскиот договор, конечно успеавме да го пронајдеме и да го доставиме до местото каде што припаѓа, во Државниот архив.




Многу сум благодарен на директорот и заменик-директорот за денешната средба и можноста да го доставам оригиналот на овој документ до местото каде што треба да се архивира“, рече првиот вицепремиер.

Според него, оваа мисија е веќе завршена и оригиналниот документ е на вистинското место.




„Мисијата на 20-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор беше да се пронајде оригиналот на овој документ што го потпишаа 7 функциониери – 5 лидери на институции од нашата земја и двајца меѓународни преставници Џејмс Пердју и Франсоа Леотар,




едниот од САД, другиот од Европската Унија, бидејќи секоја година на годишнината од Охридскиот договор главна вест беше недостигот на оригиналниот документ и тоа се толкуваше како негрижа на државата кон самата важност на договорот“, објасни Груби.




Документот во последните 20 години го поседувал Илир Љума од Тетово, поранешен член на ПДП, кој во домашни услови чувал еден од примероците на Охридскиот рамковен договор, каков што не поседува ниту една политичка партија.




„Станува збор за лице кое било асистент во потпишувањето на Охридскиот договор и потоа го зел оригиналниот примерок од канцелариите на најстарата политичка партија на Албанците во државата, за во домашни услови да води грижа на архивски начин за овој документ“, појасни првиот вицепремиер.




Професорот Ѓорѓи Спасов вели дека се работи заефтина манипулација. Според него, постојат неколку оригинали од Рамковниот договор:

„Златото од Сиера Мадре. Глупост јубилејна. Тие го нашле својот изгубен примерок од договорот кој го чувал некој од ПДП и тој примерок го прогласуваат за единствен оригинал и го депонираат во државниот архив церемонијално како нешто многу значајно.




Никола Поповски, кој беше член на преговарачкиот тим цело време,веќе објави дека се потпишани 7 примероци од Охридскиот рамковен договор и сите се оригинал од кои еден примерок има во МНР еден во кабинетот на Претседателот по еден кај секој од потписниците и од олеснувачите и еден во Собранието на Македонија.




Се друго е евтина манипулација и незнаење“, напиша професорот Ѓорѓи Спасов во статус на својот профил на социјалните мрежи.

Previous articleДоколку ОВА е вашиот пин, веднаш сменете го: Крадците овие 10 кодови буквално ги знаат напамет
Next articleВо Германија, сепак може да се работи и добро да се заработи дури и без познавање јазик