Home News Стојанче му одговори на Пендаровски за Арачиново: Јас бев таму и од...

Стојанче му одговори на Пендаровски за Арачиново: Јас бев таму и од прва рака ќе ви кажам дека грешите

Статус на Стојанче Ангелов: Во своето денешно интервју за Дојче Веле, претседателот Стево Пендаровски меѓу другото тврди дека почетокот на акцијата за заземање на Арачиново бил неуспешен и дека неуспехот на акцијата бил очигледен.




Верувам дека ваквата изјава претседателот ја дал поради недоволна информираност за овој настан и дека во првиот момент кога двајцата ќе најдеме време ќе седнеме на по едно кафе и јас како непосреден учесник во нападот на Арачиново, како тогашен заменик командант на Тигрите кој предводеше дел од пешадискиот напад, ќе му ја раскажам мојата вистина за Арачиново, вистина зад која имам стотици сведоци од редовите на македонските безбедносни сили.




Почитуван претседателе Пендаровски! Во битката за Арачиново, ние, припадниците на македонските безбедносни сили, бевме надмоќни во секој поглед. Бевме побројни, подобро организирани, подобро обучени, вклучително и една врвно обучена полициска единица (Тигри) и една врвно обучена армиска единица (Волци).




Понатаму, ние, припадниците на македонските безбедносни сили, бевме и помотивирани бидејки зл ото ни стигна до прагот на главниот град. Бевме и неспоредливо подобро опремени и во ору ж -ени. Од во ору жув ање ние имавме безмалку сѐ, а тие немаа речиси ништо, освен нивните стари пу -шки и митр -лези, фрлачи на ра кети и миноф- рлачи.




Во нападот на Арачиново македонската Армија за прв пат ги употребени бо рбенит -е авиони „Сухој“ со нивните разорни ра кети и ми трал -ези, по којзнае кој пат ги употреби и бо рбен ите хеликоптери МИ-24 и МИ-8 со нивните исто така моќни ра кети и митр але зи.

Тенкови, то пови, ха убици, минофрлачи, мит -ралези, рачни фрлачи на р акети, пу -шки и пиш -толи! Авијација, арт илер ија, логистика и пешадија!




Со ваква огнена над моќ едноставно, немавме причина да брзаме. Зошто брзајќи да губиме „жива сила“ кога можевме пополека, без брзање, да го освоиме и исчистиме селото без многу загинати, ранети или повредени?




Претседателе Пендаровски! Без разлика на вашата перцепција која произлегува од вашата тогашна позиција Советник за национална безбедност во кабинетот на тогашниот Претседател, јас ве уверувам дека во 2001-та, ние, македонските бранители, во јнички победивме во сите битки, победивме секаде каде што имавме наредба да в ојув аме.




Изгубија политичарите. Но нивниот политички пораз е далеку од наш воен пораз. Нашата акција во Арачиново не само што не беше неуспешна туку беше победничка. Победничка бидејки нашиот непријател побегна.

Побегна напуштајќи го боиштето тогаш кога сфати дека ќе биде целосно елиминиран. Мавтајки со бели знамиња, молејки за помош кај НАТО и меѓународната заедница.




20 години подоцна, на политичкиот пораз гледам малку поинаку, свесен дека тогаш на политичарите воопшто не им било лесно. Едноставно, додека ние со УЧК се бор евме во прашината, државниот врв во удобниот хотел Белви бил под страшен притисок од меѓународната заедница и НАТО, да го прекине на падот и да потпише мировен договор.




Денес често се прашувам дали доколку нашето државно раководство не попуштило и не овозможило безбедно извлекување на опкружените припадници на УЧК од Арачиново, Македонија во 2001-та ќе завршеше како Србија во 1999-та? Особено ако се има во предвид дека додека траеле овие мачни преговори, нашите безбедносни служби јавиле дека од Јонско во Јадранско море впловува еден голем носач на авиони. Моја претпоставка е дека информацијата за овој носач го омекнал мислењето на целиот државен врв. Претпоставувам, не тврдам.




Како и да е, 20 години подоцна, тие кои тогаш им помагаа ним, денес ни помагаат нам, на сите нас, кои живееме на ова единствено парче македонска земја на кое е формирана единствената македонска држава Македонија, макар и со географската одредница Северна.“

Previous articleПо објавувањето на анкетата на НДИ, се огласи Влатко Ѓорчев: Во втор круг за нас ќе гласаат и глачаите од останатите опозициски партии
Next articleДенес Али Ахмети го потврди она што Љубчо Георгиевски повеќе пати го има кажано: На маса била опцијата за поделба