Home News Високи казни за угостителите, доколку некој седи во објект без сертификат за...

Високи казни за угостителите, доколку некој седи во објект без сертификат за имунизација

Како што се ближи 16 август, така сите се во недоумица што ќе се случува на терен, по одлуката на Владата за новите ковид мерки.




Владата одлучи да се воведе задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани)..




Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст..

Според последните информации од Министерството за здравство, во државата вкупно се аплицирани 1.033.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани.




Директорката Симеска-Димоска за САКАМДАКАЖАМ.МК појаснува дека во нивна надлежност е да казнуваат и физички и правни лица за непочитување на мерки од Законот за заштита на населението, и дека ќе биде нивна проценка кога ќе бараат асистенција од службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР). Надлежноста, вели таа, е согласно членовите 58 и 28 од Законот и додава дека досега имаат одлична соработка со МВР.




„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на населението и да не влегуваат во објекти без сертификат за примена вакцина“, изјави Симеска-Димоска.

Меѓу останатите одлуки од владината седница на 7 август со цел спречување на ширењето на новиот бран на ковид-19 се:




До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на ковид-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.




За ноќните клубови, дискотеки, кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.




Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.




Според министерот за здравство Венко Филипче, новите владини мерки против ковид-19 со заради заштита на јавното здравје и колективната заштита кои се приоритет. Тој вели дека ничие лично право не е над правото на колективна заштита на јавното здравје.




Грaѓаните кои од понеделник ќе бидат затекнати во објект или на настан без сертификат за примена вакцина против ковид-19 ќе платат казна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице, вели дирекоторката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска.




Целиот текст прочитајте го на сдк.мк

Previous articleОбјавена е анкетата на НДИ – еве како стојат работите
Next articleСега се веќе појасни многу работи: Од почетокот на новиот бран, ниту еден имунизиран не е упокоен