Home News Денес министерот Филипче со радосна вест за оние кои го прележале вирусот...

Денес министерот Филипче со радосна вест за оние кои го прележале вирусот – ќе може да влегуваат во кафеана, но не сите

Министерот за здравство Венко Филипче, денес го најави дополнувањето на владината одлука од 7 август.




Одлуката беше дека од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).




Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст..




Грaѓаните кои од понеделник ќе бидат затекнати во објект или на настан без сертификат за примена вакцина против ковид-19 ќе платат ка зна од 250 евра, а ка зна та за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице, рече дирекоторката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска.




Филипче кажа дека се зголемува интересот за вакцинација, дека е зголемен бројот на новозаболени од ковид-19, но и дека последната анализа, покажала дека 40 отсто од хоспитализираните пред една недела биле на некаква прослава.

„Тоа не е ништо чудно, и лани проблем беа кластерите каде не се почитуваат мерките“, рече Филипче.




Според анализата на Институот за јавно здравје, зголемен е бројот на новодијагностицирани пациенти и пациенти за хоспитализација особено во градовите кадешто е најмал опфатот на вакцинирани граѓани, односно во Тетово, Гостивар, Кичево и Куманово каде што опфатот на вакцинирани е околу 20-23%.




За разлика од Охрид, кадешто има скоро 50% опфат со вакцинација, во моментов има помалку од 10 пациенти коишто се хоспитализирани.

Според директорите на клиниките, во градовите каде што е голем опфатот на вакцинирани граѓани, констатациите се дека е мал бројот на пациенти коишто се јавуваат на преглед и коишто имаат индикација за тестирање, кажа Филипче.




Министерот Филипче, денес на социјалните мрежи соопшти дека мерката која ќе важи од понеделник е проширена и со оние кои имаат прележано, но не сите!

-Лице кои прележало ковид-19 од понеделник, 16 август, ќе може да влегува во угостителски објекти и на настани ќе може да влезе и со потврда за прележан ковид, но само првите 45 дена сметајќи од денот кога оздравеле, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.




По завршувањето на првите 45 дена од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина.




„45 дена се однесува на тоа дека треба да се поминати тие неопходни 3о дена од прележувањето на болеста и плус 15 дена да се организираат за вакцинација“, рече Филипче при посетата на Охридската болница.




Previous articleКруме Спасовски зел еден куп пари со „Чудна жена беше Вера“ – сега живее на село, откри како му е
Next articleДенес нов рекорд, скоро 800 позитивни и 10 упокоени – Филипче вели дека 40 проценти биле по некакви забави