Home News Денес нов рекорд, скоро 800 позитивни и 10 упокоени – Филипче вели...

Денес нов рекорд, скоро 800 позитивни и 10 упокоени – Филипче вели дека 40 проценти биле по некакви забави

Бројот на новодијагностицирани случаи во последните денови во државата нагло расте.




Според динамиката со којашто бројот се зголемува пред нас се неколку денови или недели во коишто ситуацијата може да биде навистина критична, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче за време на посетата на Болницата во Охрид..




Според анализата, зголемен е бројот на новодијагностицирани пациенти и пациенти за хоспитализација особено во градовите кадешто е најмал опфатот на вакцинирани граѓани, односно во Тетово, Гостивар, Кичево и Куманово кадешто околу 20-23 отсто е опфатот на вакцинирани граѓани.




Од вкупно 3.497 пациенти коишто се дијагностицирани изминатите 7 дена, 3.047 се невакцинирани, што значи само 10 отсто се вакцинирани и се позитивни и тие коишто се во болница и на лекување имаат прилично стабилна состојба.




Министерот рече дека она што охрабрува е дека вкупниот број на вакцинирани во нашата држава, околу 400.000 ревакцинирани од околу 500.000 со прва доза, само 0.002 отсто се заразиле, што укажува на тоа дека само вакцинираните граѓани и таа популација е прилично сигурна и обезбедена.




„Тоа е доказ дека вакцината е безбедна, тие граѓани немаат никакви компликации, дека е ефикасна очигледно, еве сега доказ дека е ефективна.

Во однос на вакцинацијата таа и натаму добро се одвива во сите градови, верувам дека опфатот и понатаму ќе расте, одличен е одзивот за најавата на новите мерки коишто почнуваат од 16 август.




Околу 8000 граѓани во просек на ден се јавуваат да примат прва доза на вакцина, јас верувам дека ако продолжиме со таа динамика за прилично некое кратко разумно време значајно ќе се зголеми опфатот со вакцинација, рече министерот Филипче.




На прашањето дали вирусот се шири од журки во Охрид каде и беше денеска тој рече дека 40 отсто од новодијагностицираните дале податок дека биле на некаква прослава.




Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 9.270 тестирањa, а регистрирани се 792 нови случаи на Кови-19.




Најмногу во Скопје 245, потоа во Тетово 136. Оздравени сe 104 пациенти, а пријавени се 10 починати лица. Битката со болеста ја загубиле 4 лица од Гостивар (44г,65г,69г и 74г), 3 од Скопје (33г,71г и 83г), 2 од Тетово (67г и 84г) и едно починато лице од Куманово (60г). Сите починати лица се починати во болнички услови.




Previous articleДенес министерот Филипче со радосна вест за оние кои го прележале вирусот – ќе може да влегуваат во кафеана, но не сите
Next articleКалиопи ги покажа мајка си и сестрата со кои многу си личи (ФОТО)