Home Live Кардиолог откри четири рани знаци за тромбоза: Никако не ги игнорирајте

Кардиолог откри четири рани знаци за тромбоза: Никако не ги игнорирајте

Тромбоза е процес на згрутчување на крвта во крвните садови или срцето. Може да се појавуви по повреда, но понекогаш се формираат згрутчување во крвта иако нема надворешна повреда. Во последно време многу се зборува за тромбоза како компликација на ковид.




Многу често, згрутчувањето на крвта претставува сериозен ризик за здравјето и може да доведе до опасни компликации како што се белодробна емболија, коронарна срцева болест или мозочен удар.




Како да знаете дека сте изложени на ризик од згрутчување на крвта? Главниот кардиолог на руското Министерство за здравство, Јуриј Беленков, зборуваше за оваа тема за руските медиуми, а ги откри и првите симптоми на церебрална или венска тромбоза.




“Прво, има многу силна главоболка. Второ, постои асиметрија на лицето, односно назолабијални линии (вертикални линии што се протегаат од коренот на носот до аголот на усните), стануваат поизразени од едната страна.

Третиот симптом е некохерентност во говорот. Има уште еден знак, а тоа е губење на видот или негово влошување “, рече Беленков.




Покрај тоа, според лекарите, знаци како што се вкочанетост на одредени екстремитети или парализа може да укажуваат на зголемен ризик од тромбоза.

Беленков нагласи дека има многу знаци дека ви се заканува тромбоза и дека се сосема различни едни од други, почнувајќи од блага состојба слична на губење на свеста, кога некое лице ќе биде удрено еднаш и наскоро се разбудило, до парализа на сите екстремитети.




Дали некогаш сте се исекле додека се бричите? Кога тоа се случува, крвните згрутчувања ја спасуваат работата. Тие ќе го запрат крвавењето, а кога ќе ја завршат работата, се распаѓаат. Понекогаш работите тргнуваат наопаку…

Кога крвните згрутчувања нема да се распаднат, тие можат да бидат многу сериозен проблем и да доведат до опасни ситуации. Од крвните садови можат да патуваат по целото тело, а најчесто тоа се нозете, особено ако долго седите.




Исто така, може да ги добиете и во артериите, кои го пренесуваат кислородот низ телото – од срцето до клетките во телото. Резултатот може да биде навистина застрашувачки, бидејќи може да ги остави срцето, белите дробови и мозокот без кислород и да предизвика срцев или мозочен удар.

Крвно згрутчување може да се создаде и во вените што крвта ја носат до срцето, а кога тоа ќе се случи, симптомите се појавуваат постепено, но може да има проблеми.




Ако научите да ги препознаете симптомите, ќе знаете дека е важно веднаш да се јавите на лекар и така да си го спасите животот.

Кога крвното згрутчување се формира во вените на рацете или на нозете, длабоко под кожата, тоа се нарекува длабока венска тромбоза. Ова е опасно, бидејќи тромбот може да патува од срцето до белите дробови.




Длабока венска тромбоза може да се појави и ако долго време не сте се движеле, или сте имале операција или долг авионски лет.

Веднаш побарајте помош ако ги забележите овие симптоми:

Отекување: Ова може да се случи на истото место каде што се развил тромбот или на целата нога или рака.




Промена на бојата: Може да забележите дека рацете или нозете ви се црвени или сини.

Болка: Со влошувањето на состојбата, ќе почувствувате поголема болка. Чувството може да варира од тапа болка до интензивна.

Тешко дишете: Ако тоа се случи, може да значи дека згрутчувањето се преместило од рацете или нозете на белите дробови. Може да се појави и силна кашлица или крв при кашлањето. Веднаш повикајте брза помош!




Грчеви во долниот дел на нозете: Може да се појават ако има згрутчување (тромб) во ногата.

Previous articleСе тестираат дома и шетаат пошо немале симптоми. Ако ги има, oд климата му се – Ина Многуфина со свој коментар
Next articleСкроз пропаднав овде во Германија – во еден момент моите од Македонија ми пуштаа пари за да го поминам месецот