Еден од најпопуларните наши актери, Лазар Бараков, неодамна објави дека за нив актерите нема студено или топло, тие овие денови интензивно работат на снимањето на новите приказни и на плус 40 и кусур степени..
Владо, Шенка, Гоце, Лазар, Ели, Дубравка, Љупчо, Кирил и останатата екипа снимаат и на -22 и на +42 степени за во Септември да имате и гледате нови епизоди, ептен тазе.
Tрадицијата продолжува“, објави актерот. Лазар потекнува од струмичкото село Мокрино..
Денес тој ужива во седмата деценија од животот со сопругата Лилјана и децата Македонка, Викторија и Александар.
Бараков е многу горд на својата ќерка Викторија, која е сега дел од тимот кој работи на новиот шопинг центар East Gate Mall. На Фејсбук старана на шопинг центарот беше објавено:
Запознајте ја Викторија Баракова, дел од тимот кој работи на креирање на East Gate Mall
„Повеќенаменски центар за шопинг, забава, храна и рекреација, со низа активности за сите возрасти и вкусови.
Сѐ што сакате, ќе добиете овде. За мене, Ист Гејт е едно големо искуство што ќе ми помогне понатаму во мојата професија, и сум многу среќна што сум дел од овој проект“, вели Викторија Баракова, тенант координатор!
Потоа, Викторија во интервјуто за eastgate.mk чијшто линк е постиран за себеси и за своето животно мото вели:
Моето утро започнува со шолја зелен чај проверка на електронската пошта. Делам канцеларија со нашиот Тeam Leader, а тоа секако е огромна предност. Комуницирам со повеќе од 50 луѓе дневно.
Посебно овој период станува се подинамично бидејќи закупците ги превземаат локалите и комуникацијата со луѓето вклучени во процесот се одвива интензивно.
Моето мото е биди посилен од своите изговори, направи работите да се случуваат и изненади ги сите околу себе. Ништо не е тешко кога се работи со љубов.
Mоето хоби се патувањата. Слободното време секогаш го користам да посетам некоја нова дестинација. Голема желба ми е да го посетам Мексико, се надевам дека по пандемијата ќе ја имам таа можност“, рече ќерката на Бараков. Тој на овој начин ја сподели објавата за својата ќерка:
-Ќерка ми Викториа Баракова, како првоодделенка , беше дел во некои од приказните со Колозов – незаборавните… Фала му на Бога, не тргна по татковиот трнлив пат… одбра друга Уметност – Архитектурата.
Сè што се работи со љубов и душа е Уметност. Животот е уметност…