Home Live Се тестираат дома и шетаат пошо немале симптоми. Ако ги има, oд...

Се тестираат дома и шетаат пошо немале симптоми. Ако ги има, oд климата му се – Ина Многуфина со свој коментар

Статус на Ина Многуфина: Не постојат мерки што ќе влијаат на ситуација кај народ без совест. Се тестираат дома и шетаат пошо немале симптоми.




Ако ги има од климата му се. Прават свадби заразени. Патуваат избегани од изолација пошо им било досадно дома. Крсте и Светле станаа имунолози, разбираат фармација, медицина и фармакомафија.




Нарачуваат чаеви и лекови од ФБ без декларација за брзо слабеење ама пишува ***100% ПРИРОДНО*** што е сосема доволно да го пие и да пише коментар “одлчн многу добр ќе нарача ме пак”.




Извор на инфо им е borbadoistine.rs и видеа од некој што седи пред лаптоп у соба и им кажува дека е познат доктор. Бронхит лечат со пердув кај жена во Дром, за потешки случаи се оди кај бајачот од Кравари.




Во време на пандемија локал црепови се натпреваруваат кој поише ќе покаже дека никој ништо не му може додека крши мерки. Оставени сме меѓу маса без совест и поединци кои треба да ни покажат дека се над системот. И сега ќе пиеме кафе со сертификат. Ако.




Ако важи сегде за сите и ако има можност да го спроведеш сегде ко шо треба. Народ на кој му текнува да шприцне инфузија пред свадба ќе смисли нешто и за овие мерки и за сите останати. Совеста е таа што фали.




Дополнително што на граници ништо не баравме па ги пречекавме сите со спуштени гаќи, еве сега да поминат свадбите и концертите на оноа што го викате музика и ќе спроведеме мерки. Мерките ќе важат за сите освен за тие што нема да важат.




Previous articleКалиопи ги покажа мајка си и сестрата со кои многу си личи (ФОТО)
Next articleКардиолог откри четири рани знаци за тромбоза: Никако не ги игнорирајте