Home Live Скроз пропаднав овде во Германија – во еден момент моите од Македонија...

Скроз пропаднав овде во Германија – во еден момент моите од Македонија ми пуштаа пари за да го поминам месецот

-Во моментот кога решив да заминам за Германија бев сингл. Тазе раскинат со девојката, без некои послебни планови за иднината.




Живеев во изнајмен стан, им помагав понекогаш и на моите кои се возрасни луѓе. Во 2018 година, мојот братучед кој во Берлин живее долги години, ми пиша дека им требаат луѓе во фирмата каде што тој работи како еден од асистентите на маркетинг менаџерот.

Им требале луѓе во оддеелот за финансии, а ова е работна позиција на која можев да одговорам. Беше искрен со мене кога ми кажа дека Германците бараат евтина работна сила. Платата за почеток, не ми личеше на кој знае каква за германски услови, ама почеток, ми рече братучедот, би бил на платена обука, со шанси да напредувам.




Многу брзо се решив да заминам. Го откажав станот, живеев со родителите некое време, трошоците за кирија ги ставав на страна. Дадов отказ во фирмата во Скопје, а директорот не беше среќен кога слуша за тоа.

За првпат, по 10 години работење таму, се осетив важен. Си свиркав одејќи накај дома, полн со себе. Во март во 2018 година, слетав во Берлин, и мислев дека сум го освоил целиот свет. Станот што ми го нашол братучедот, всушност беше една соба, која беше и спална, и кујна, и дневна, сè во едно.




Имав едно мало ходниче и бања. Ама ако, си реков, ќе дојде време кога ќе можам да си дозволам поголем. Тргнав на интезивен курс по германски јазик. Таму ја запознав неа. Полјакиња, со срамежлива насмевка, мислев дека е најубавата жена што сум ја видел.

Имавме слична приказна, јас тазе раскинат, таа разведена, и двајцата дојдени во туѓа земја да почнеме од нула. Се заљубив во неа, станавме пар и едно време ми се чинеше дека сè е на моја страна и дека сè ми оди од рака. На работа добро ми одеше, барем јас така си мислев.




Додека не го совладам јазикот на ниво на кое работодавците од мене го бараа, бев асистент. На сметководителите, на менаџерите, па дури и на рецепционерката. Правев сè што од мене ќе се побараше, од адиминстративни, до се до курирски работи.

Занесен по неа како мало дете, ја побарав за жена шест месеци откако се запознавме. Со планови за свадба која идното лето сакавме да ја закажеме во Македонија, почнавме да живееме заедно.




Јас работев, таа сè уште не. За да ѝ овозможам сeè што ќе посака, најдов дополнителна работа. Наутро работев во фирмата, навечер на час во еден ресторан. Миев чаши и чинии, и навечер се враќав преморен но среќен, кај мојата идна сопруга.

Не му кажав на братучедот за ова. Една вечер самиот ме фати, ме виде како излегувам од ресторанот во униформа. „Де бе братучед, до толку ли е криза“?, ми рече. Тој поглед со сожалување уште го паметам. И таа се обидуваше да најде работа неколку пати, па по една или две недели даваше отказ.




Сè ѝ беше стресно и сите работодавци беа лоши за неа. Ја поддржував. Бев заслепен и не ми беше проблем и тродупло да работам само таа да е среќна и одморена. Во фирмата одев ненаспан, бев отсутен и само на неа мислев. А таман добив позиција и „своја канцеларија, која ја делев со уште пет колеги.

Првиот погрешен месечен извештај ми донесе 20 проценти намалување, казна од шефот. Втората грешка, неисполнување на рокот, уште 20 проценти од платата, казна. Третиот пат направив сосема погрешна пресметка и добив опомена пред отказ.




Да не беше заложбата на братучедот ќе ме шутнеа одамна. На крајот, а беше некаде пред крајот на годината кога се прават завршните извештаи, самиот дадов отказ. Бев изморен, ненаспан, затоа што од ресторанот, газдата ме префрли во ноќен клуб во кој останував понекогаш и до 1 по полноќ.

Легнував во два, а станував во шест. Кога ѝ кажав дека дадов отрказ во фирмата, очекував поддршка од неа. Таа изреагира многу чудно. Викаше на мене, пани-чеше, ме обвинуваше дека на улица ќе останеме поради мене.




Во тој момент за првпат ѝ се спротиставив, во новиот, поскап стан кој кој го изнајмивме неодамна. Ѝ реков дека е време и таа малку да почне да голта некои работи, да не се жали веќе дека ниту еден газда не ѝ чини, ја нареков мрзлива и размазена. Се обиде ша-мар да ми уд-ри.

Толку лута никогаш не ја бев видел. Се одбранив, треснав врата и си заминав на работа во клубот. Кога се вратив дома, неа ја немаше. Си ги беше собрала сите работи. Мислев дека ќе се врати, машката суета проработи во мене, паа таа нема каде да оди, а и нема многу пари. Згрешив.




Поминаа три дена откако очјано ја барав на талефон, на улиците на Берлин, постојано беше недостапна и не одговараше на пораките. Фејсбук и Инстаграм профилот не ѝ постоеја, изгледа дека ме имаше бло-кирано. Почнав многу да пи-ја м.

Таков, никаков, небричен и алк-ох-ол из иран еден ден заминав на работа. И уште еден, и уште еден. Се разбира дека добив отказ. Очајно патејќи по мојата љубов, живеев од ден за ден. Се ближеше време кога требаше кирија да платам, а јас имав уште толку пари, за кирија и за уште два три недели да преживеам.




Тогаш решив да се снајдам некако. Решив да го продадам златото, подарок од моите родители за 18 роденден. Но, немаше што да продадам. Целиот мој семеен накит го немаше во кутијата. Ниту часовникот од дедо ми. Бев глупав што порано не проверив.

Мојата сакана си се обезбедила убаво пред да замине од станот. Не ја пријавив. Оч-ајно ја чекав да се појави, се ќе ѝ простев. Поминаа две недели од тогаш. На сметка имав уште многу малку пари. Се шу-ткав низ улиците на Берлин, сам без пари, без пријатели, братучедот веќе одбиваше да ми дава позајмици. Суетата повторно проработи.

Дома не сакав да се вратам како лу-зер, ќе беше срамота. Не сакав ни на моите да им кажам. Но, се им раскажал братучедот. Моите почнаа да ми праќаат пари. Еј, која гол-го та. Заминав во Германија, за моите да ме ранат. Се сместив во хостел. Ееј, во хостел. Потоа и таму се вработив.

Моите и понатаму понекогаш ми праќаат пари за да преживеам овде. Од саканата ни трага ни глас Братучед ми пак ми помага. Сега сум во мал стан, работам во хостелот, на рецепција. Со панде-мијава нема речиси ич гости.

Му реков на газадата дека сум економист, ми рече дека ќе ме има на ум ако нешто повеќе од рецепција му треба. Препорака од стариот газда на фирмата каде што работев нема да добијам никогаш. Сега имам две опции.

Да се бо-рам, да барам ново чаре или да се вратам дома, со наведната глава. Дома барем бев како прв во село, овде сум како последен во град. Уште сум тука, и уште не знам што е правилно. И уште ја чекам неа да ми се јави. Во едно сум сигурен.

Дека многу погрешно изиграв и дека долго време ќе ми треба да се вратам на стариот пат.“

Previous articleКардиолог откри четири рани знаци за тромбоза: Никако не ги игнорирајте
Next articleИмунизирани сте, но сте биле во контакт со ЗАРАЗЕН – ова морате да го правите во тој случај