Home Live Го нема возот и не знајме кога че дојди: Неверојатно патешествие на...

Го нема возот и не знајме кога че дојди: Неверојатно патешествие на познатата новинарка

Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со Тимовите за заштита од пожари.




Конвојот беше составен од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, објави Нова ТВ.

Овој текст го сподели Катерина Колозова минатата недела. Таа е македонската теоретичарка, професорка и феминистка, ќерка на познатите актери Шенка и Ѓорѓи Колозови. Таа до објаваѕа напиша:




– По една донација од десетте најголеми тајкуни и нема да мора Словенија и Австрија да трчаат тука со десетици возила и огромни екипи. ПС кога ќе го воспевате Вучиќ, избројте што и колку дале Словенија и Австрија.

Неодамна, Колозва сподели објава на новинарката Југослава Дуковска, која неколку часа чекала воз од Прилеп за Скопје за кој воопшто не била сигурна дали ќе дојде. Колозова ја опиша објавата на овој начин и ја сподели.




– Да не чујам “м” од менталитет. Ова е што би рекле “до системот” е. Ако е ова Железници сега, само да кажам, ваква к…ца не било ни во најстрашните години на транзицијата.

Државава има намера да води железници, да ги среди – знаете дека е поеколошки од што и да е друго, дека ќе имате заработка? Зошто бре не ви текнува, што ви е? Распад на системот.“ Дуковска за своето патешетвие раскажува:




Железницка станица Прилеп, 2 Август, пола саат пред тргање на возот за Скопје, по ред на возење. Живо пиле нема. Ама никој никој, освен човекот на шалтер.

– Карта за Скопје, ве молам. – Не може.- Како не мозе? – Го нема возот, не знајме ко че дојди. -Зошто, да не е дефект?




– Ами, не е…ама жешко е, че дојди подоцна. – Каква врска има тоа, прашувам зачудено. – Еми, има, одговара човекот на информации во станишната зграда, снебивајки се веќе.

– Добро, ќе дојде ли воопшто денес, се вклучува мојот македонски бу-ллшит релативизатор.- Да!… Веројатно ќе дојде…ама не знајме кога, не е кинисан уште од Богомила за наваму, а треба прво да стаса Прилеп па Битола па да тргни назад.




Ти сметај околу полноќ најрано си Скопје, вели тој кревајќи раменици. – Добро, каде е тоалетот? Еми, нема. – Абе како нема, каде да одам во wc кога уште 2-3 саати треба да чекам???

– Еми, тука, лево-десно, слегнуваат рамениците….Полека се полни станицата. Сите потенцијални патници го добиваат истиот одговор. Набргу се прават дилови на лице место да бараме такси и да делиме трошоци.




Сите обиди по телефон да договориме нешто, пропаѓаат и се враќаме разочарано на чекањето воз. Кој на наше изненадување свечено пристига на станица. Ама во обратен правец, за накај Битола.

Ама нам солзи радосници. Имало надеж. Усте 2-2,5 саата и ќе дојде наваму. Веројатно. – Абе срамота е, срамота е ова, коментирам, новинар сум, ќе објавам за срамов, проработува усте еден сурвивал балкански синдром “не-знаеш-ти-која-сум-јас” кај мене.-




Ела ваму, ме трга настрана и ми покажува накај една врата. Влегуваме, нова, реновирана чекална, нови, уредни wц-а. Се враќам.- Е, оти прееска ми кажа во грмушки да м…, го прекорувам.

-Еми, некојпат е заклучено, шеретски се насменува прилепчанецов. – Абе, и тие се кираџии во зградава, дофрла уште еден од присутните.




Значи, Македонски Железници се поделени на МзТранспорт и Инфра. Првиве им се кираџии на вториве.

Тоа му доаѓа како медицинските сестри да им се кираџики на докторите во болниците.

Само малку полудо оти ниту возовите можат да ги возат по други пруги освен овие покрај станиците, ниту овие можат да продаваат карти за други возови освен овие кои поминуваат по пругиве.




Зошто, не не прашувај нас велат резигнирано. Се стемнува. Паѓа завесата. Крај.

Previous articleАндријана Алачки ја покажа сестра си – сега вие кажете дали си личат (ФОТО)
Next articleМетоди Синадинов: Вакциниран а заразен – како е ова можно, ќе пробам да појаснам