Home Live Имунизирани сте, но сте биле во контакт со ЗАРАЗЕН – ова морате...

Имунизирани сте, но сте биле во контакт со ЗАРАЗЕН – ова морате да го правите во тој случај

Вие сте сте имунизирани со двете дози вакцина, но сте биле во контакт со лице со позитивно на корона вирус. Што да направите во тој случај?




Ова е прашањето кое што мачи многу луѓе, и сè уште е недоволно разјаснето. Центарот за контрола на американските болести и превенцијата (ЦДЦ) обезбедува одговор на ова прашање.




Доколку ви се случи да бидете во контакт со лице чиј тест на вирусот на корона бил позитивен, не можете да направите многу. Дури нема потреба и да избегнувате луѓе, освен ако не почувствуваме симптоми карактеристични за овој вирус.




“Ако сте биле во контакт со заразени луѓе, не мора да ги избегнувате другите луѓе, освен ако не ви се појават симптоми, стои во објаснувањето на ЦДЦ наменето за лекари и медицински персонал, а би можело да важи и за секој граѓанин.




Во случај на појава и на најмали симптоми, тие треба да се следат во наредните 14 дена и да се направи најважното нешто, а то е тест и да се следи состојбата. Во овие денови, потребно е да се избегнуваат контакти со невакцинирани луѓе, заради нивно добро.




Сепак, епидемиологот д-р Џенифер истакна дека шансите на луѓето кои добиле две дози на вакцини, сепак се многу мали за инфицирање на неимунизирани, дури и ако ковид тестот покажал позитивен наод.




“Досегашните сознанија говорат дека луѓето кои се целосно вакцинирани, па дури и ако нивниот тест за вирусот е позитивен и имаат благи симптоми, многу ретко можат да го шират вирусот меѓу населението”, вели д-р Хорни.

Карактеристични симптоми на овој вирус се, да ве потсетиме, кашлица, температура, тешкотии при дишење, губење мирис и губење на вкус, како и замор.




Експертот за безбедност, Каролин Џил Рилд додава дека ревизиите за мерките и нашето посакувано однесување, немаат статус на “заповеди”, туку само препораки што треба да се следат и да бидат прилагодени на нови сознанија за вирусот.




Сепак, она што секако го спречува директното и непреченото пенетрирање на вирусот во нашиот организам, кој епидемилозите го препорачуваат постојано, е носењето заштитна маска. Тоа е најсигурниот начин да се избегне заразувањето.




“Додека вакцината е најдобрата заштите од вирусот, сепак маските помагаат да се спречи ширењето на заразата. Ова треба да го имаат на ум вакцинираните и да носат маски”, додаде Џенифер Рифорд.




Previous articleСкроз пропаднав овде во Германија – во еден момент моите од Македонија ми пуштаа пари за да го поминам месецот
Next articleАндријана Алачки ја покажа сестра си – сега вие кажете дали си личат (ФОТО)