Home Live Методи Синадинов: Вакциниран а заразен – како е ова можно, ќе пробам...

Методи Синадинов: Вакциниран а заразен – како е ова можно, ќе пробам да појаснам

Статус на Методи Синадинов: „Наспроти целата комлексност на темава, ќе пробам на наједноставен начин да појаснам барем една работа околу вакцините и нивниот ефект која е очиглесно најмногу дискутирана вооедно и најконфузна за многу луѓе, намерно или ненамерно.




“Како може, се вакцинирал а се заразил?”

“Како е можно, џабе се вакцинираат, денес пак има 7 новозаразени кои биле вакцинирани” и слични прашања.

Да се разбереме, вакцината (било која) нема да ви даде физичка заштита од вирусот кој патем е честичка, микрочестичка која лебди во воздухот и се налепува на други честички, микро или макрочестички, предмети и организми.Човечкиот организам можеме слободно да го дефинираме како една макрочестичка која секојдневно доаѓа во контакт со безброј макро и микрочестички.




Вакцината нема да направи невидлива бариера околу вашето тело за тоа да не доаѓа во контакт со други четички од околината, нема да ве обвитка со ципа, мембрана или целофан како во научнофантастични филмови или видео игри и на тој начин да штити од ку ршуми односно вируси. Нема да ве направи блиндиран или непробоен.




Напротив, вакцината ќе навлезе во внатрешноста на нашите клетки и ќе предизвика хемиска реакција односно активирање на имуниот систем кој многу повеќе спремен ќе одговори на евентуален контакт со вирусот покасно.




Или замислете дека имуниот систем се клетки односно пожарникари кои што гасат пожар, доколку настане мал пожар тие ќе се справат со него, но доколку настане голем пожар како што знае да направи Sars Cov 2, тогаш ќе треба да дојдат “Австриски и Словенски” пожарникари да им помогнат на домашните да го изгаснат големиот пожар.




Со вакцината вие додавате број на клетки кои ќе се борат со вирусот, дополнителен број на пожарникари, обучени за големи шумски пожари какви што вашите клетки односно домашни пожарникари не биле.

Оттука кога ќе настане големиот пожар-инфекција или зараза со вирусот вашиот имунитет многу брзо, лесно (без хоспитализација) или тешки симптоми ќе се справува со вирусот, во повеќето случаи, нечујно и неприметно.




Дефиниција за инфекција би била “Контакт помеѓу причинител (вирус) и домаќин (човек)” којшто контакт во никој случај нити со една вакцина не може да се спречи, она што се прави со вакцината е посилен имун одговор на инфекцијата.




Дополнително овој вирус се вика Corona во превод од латински Круна, бидејќи личи на Круна, на самата површина на вирусот постојат безброј заоблени шилци кои се исклучително лепливи како народски кажано “чичак” или лепенки на гардероба, патики кои секојдневно ги користиме (патем сите тие иновации потекнуваат од природата но за тоа во друга пригода) така што вирусот е исклучително “леплив” и многу веројатно е дека ќе се налепи и на нашата слузокожа,




односно внатрешен слој на носната и усната шуплина и без разлика дали сте вакциниран или не и доколку се земе брис во тој период додека е налепен, брисот ќе го фати вирусо и вие можете да излезете позитивен, вакциниран или невакциниран




.Клучното прашање е што кога вирусот налепен на слузокожата преку тие круни (Proten S) пробива преку мембраната на клетката и навлегува во внатрешноста по што почнува да се размножува, тоа му е единствена цел во неговиот живот-размножување.

Доколку сте вакциниран сте се обезбедиле ао дополнителни одбранбени клетки “пожарникари” ќе го совладате вирусот “пожарот” за само неколку часа безболно, нечујно или со благи симптоми, но замаптете, ова се случува внатре во клетката,




не надвор бидејки нели вакцината нема да не направи блинидрани и нема да не обвитка во целофан за да не се лепат вируси по нас.“

Previous articleГо нема возот и не знајме кога че дојди: Неверојатно патешествие на познатата новинарка
Next articleЗа да немате гасови: Едно нешто треба да му направите на гравот, за да не дуе стомак и да може слободно да се јаде