Home Live „Ти си мое дете, немој да имаш некој проблем, а да не...

„Ти си мое дете, немој да имаш некој проблем, а да не ми кажеш“ – Трпковски Анѓелко проговори за Трифун Костовски

Трифун Костовски, еден од најпознатите македонски бизнисмени и добротвори, со сигурност, ги преживува најсложените денови во неговиот живот, по згаснувањето на неговата Еуростандард банка.




Обично, на човек кога му е тешко, неговите блиски прават да му е уште потешко. Сите ние сме заклучиле дека пријатели се малку и повеќето од нив не биле вистински. Но, очигледно во случајот на Костовски не е така.




Речиси секојдневно, на социјалните мрежи се појавуваат сведоштва од луѓе на кои Трифун им помогнал, а тој ги реобјавува на својата страна на социјалните мрежи. Еве уште една таква исповед од Анѓелко Трпковски:




„На свои 15-16 години, во далечната 2005 година имав среќа да запознаам еден прекрасен човек – господинот Трифун Костовски. Јас како ученик во средно угостителско училиште, бев на пракса во Град Скопје уште пред тој да стане градоначалник.




Тој не затекна на пракса и со задоволство ме задржа и ми пружи родителска љубов. За него бев и се уште сум негово дете. Најважните работи во животот ги научив покрај него, а тоа е чесно и вредно да си ја работам работата.

Во 2006 година татко ми (лесна му земја) кој имаше шеќер, изгубен вид, а на крај му откажаа и бубрезите, мораше итно да започне со дијализа. Здравствените институции во Скопје ме одбиваа со образложение дека нема слободно место. Сфатив дека ако не си близок до власта се е џабе.




Среќа што Господинот Костовски толку многу ни посветуваше внимание и љубов па требаше само да не погледне и да знае дека нешто не е во ред. Во 2006 година кога едно утре му го послужив неговото утринско кафе (капучино, кока кола и натрен) ме погледна и знаеше дека нешто не е во ред.




Ме праша и му го кажав проблемот со мојот веќе покоен татко. Тој се нафати да го среди прашањето со татко ми и тоа беше решено веднаш. Како негов стажант, келнер, бев запознаен со неговото филантропство кое секојдневно го практикуваше. Човек со сите вредносни човечки карактеристики.




Би кажал нешто и за играњето фудбал. Игравме два пати неделно и иако убедливо најмлад во лигата Диносауруси се чувствував среќен и рамноправен помеѓу пријателите на Костовски кои беа многу искусни играчи.




По натпреварите следуваше трето полувреме во некоја меана, со добра музика, опуштена атмосфера и големо друштво. Господинот, таков каков што е, е обичен човек кога ќе станев да си заминам од „третото полувреме” и ќе се поздравев со него, секогаш ме испраќаше со зборовите:




„Дете мое, знаеш дека ти си мое дете немој да имаш некој проблем, а да не ми кажеш“. После таквите зборови, си заминував среќен, бидејќи ја чуствував родителската љубов од Господинот Костовски.




Ти благодарам Господе што 16-17 години растам покрај ваков човек. Текстот го завршувам со една народна поговорка: „Подобро да ме обесат за лојалност, отколку да ме наградат за предавство“.

Previous articleЗа да немате гасови: Едно нешто треба да му направите на гравот, за да не дуе стомак и да може слободно да се јаде
Next articleМедлин Олбрајт се заблагодари на Македонија, Канада, Албанија и Косово за бегалците од Авганистан