Home Live За да немате гасови: Едно нешто треба да му направите на гравот,...

За да немате гасови: Едно нешто треба да му направите на гравот, за да не дуе стомак и да може слободно да се јаде

Гравот сите го обожаваме, не само поради неговиот вкус и текстура, туку и поради тоа што е многу здрав и заситен, па идеален е доколку внимавате на килограмите.




Меѓутоа, гравот тешко се дигестира и предизвикува гасови и дуење за стомакот, што кај некои луѓе предизвикува вистински проблем.




Порано, во македонските семејства ова вкусно јадење често се наоѓаше на трпезата, а речиси редовно се подготвуваше во петоците, кога многумина постат.




Меѓутоа, се чини дека поради овие дигестивни пречки, гравот е сè помалку застапен на менито и сè помалку го готват младите домаќинки и домаќини.

Подувањето на стомакот и појавата на гасови се толку честа појава, што веќе станаа и предмет на шега кај нашиот народ.




Го обожувам гравот, но ми прави страшни непријатности – ми создава гасови и ми го дуе стомакот, понекогаш и два-три дена. Што сè не направив: додавав сода бикарбона во варењето, ким, нане, оцет додека го јадев и секојпат со страв дека ќе ми направи проблем.




За среќа една пријателка ми откри еден трик и оттогаш немам мака со гравот. Потребни состојки: 450 г грав и 10 шолји вода

Постапка: гравот исчистете го, налејте го со вода и ставете да се готви околу 3-4 минути. Тргнете го од рингла и оставете да отстои во текот на ноќта и до приготвувањето без промена на водата во која се готвеше.




Бидејќи сега е зима можете едноставно да го оставите надвор на тераса, а летно време чувајте го во фрижидер. Следниот ден процедете го, измијте го со ладна вода и налејте нова вода.




Оставете го да проврие уште еднаш колку еден клуч, па и таа вода процедете ја и натаму приготвувајте го по ваш избор. На овој начин од гравот во водата каде киснел излегуваат до 80% несварливи шеќери, кои предизвикуваат отежнато варење и подуеност.




Оттогаш па до денес не знам ни сама колку пати го приготвувавме гравот на разно-разни начини, од полнети пиперки со грав, чорбест грав, тавче гравче…




и ниеднаш досега немав проблем со гасови и со тоа непријатно чувство на подуен стомак, вели Иванчица за порталот НМД.мк




Previous articleМетоди Синадинов: Вакциниран а заразен – како е ова можно, ќе пробам да појаснам
Next article„Ти си мое дете, немој да имаш некој проблем, а да не ми кажеш“ – Трпковски Анѓелко проговори за Трифун Костовски