Home News Бетмен Велит: Она што во Германија чини 50 денари, кај нас се...

Бетмен Велит: Она што во Германија чини 50 денари, кај нас се продава за 450

Статус на Богдан Илиевски: „Овој брз антигенски тест во Македонија чини 400-450 денари за ЕДЕН тест.




Дејан Трајковски вели 400, јас од прва рака гарантирам дека во некои аптеки во Охрид е 450 денари. 7,5 евра. За еден тест, еден кит, една проверка..




На статусот кај Дејан пишуваа луѓе од Германија кои тврдат дека од истиот производител, сет со ПЕТ теста во Германија чини 1 евро. 60 денари. Односно 12 денари за тест.




450:12=37,5. Односно ако навистина во Германија е 12 денари еден тест, ние плаќаме 37,5 ПАТИ поскап тест во Македонија. Ако не е 12 денари, туку да речеме дека е 60 денари, дека 1 евро не се пет теста, туку еден, тогаш плаќаме „само“ 7,5 пати повеќе него во Германија.




Земја во која стандардот е 7,5 пати повисок отколку во Македонија (не е на „бафтана“ соодносот, проверете просечни плати и ќе дојдете до следниот сооднос:

Во Германија просечна плата за 2020 била 3,540 евра. Во Македонија во мај 2021 просечна плата е 467 евра. Соодносот е 7,5802.




Во најдобар случај антигенскиот тест не чини 7,5х7,5 повеќе отколку што го чини на еден жител на Германија. Во најлош случај… помножете 37,5 х 7,5.

Имајќи предвид дека од Германија до тука патот чини пари, има и други давачки, но и дека кога се земаат големи количини цената обично оди надоле…




прашањето кое ми се јавува, особено знаејќи колку ги наплаќаа аптеките маските кога беа дефицитарни, е – КОЛКУ профитира фармацевтската индустрија на маката на граѓаните?




Не мислам строго на аптеките, тие си имаат продажна маржа, туку на посредниците, препродавачите!

Иако со сама споредба на две цени, едната која ја знае Дејан, а другата јас – 50 денари разлика – заклучокот е дека пандемиското профитерство е безгранично…“




Previous articleЕдна од најпознатите ЈУ пејачка со години го криеше вистинското име – еве како всушност се вика
Next articleФуркан Салиу: Навредувани сме од вакcеpи, антивакcеpи, пcихопaти и од кого уште не