Home News Д-р Марија разочарано праша: Ние ли, кои две години се жртвуваме го...

Д-р Марија разочарано праша: Ние ли, кои две години се жртвуваме го заслуживме ова?

Македонската јавност е згрозена, по синоќешните пароли и етикетирања, кои се слушнаа од протестот кој беше организиран во Скопје.




Многумина го искажаа своето разочарување, а најгласни беа токму прозваните на митингот – докторите. Д-р Владимир Чадиковски се огласи на својот профил на социјалните мрежи:

„Зошто протести пред Влада и Собрание , по соодветно е пред болниците со болни од Ковид..може ќе ги убедат дека не се болни!!!




Огромна поддршка за сите колеги кои се бориме против овој вирус ,кој ни го промени животот!!! Разбирам и подржувам став,мислење,но ова е срамота!!“

Се огласи и еден од најпопуларните матични лекари кај нас, д-р Ненад Лазаров кој споделувајќи го статусот, полн со инсинуации, на Љупчо Палевски се запраша: „Има ли институција,има ли некаков закон оваа држава???“




Неговата колешка од ПЗУ „Семед“, Марија Михајлова, пак беше уште поконкретна:

„Речиси никогаш, како тим, немаме реагирано на коментари и пишувања. Но, ова ги преминува сите граници. Ова не нѐ засега само нас, туку и сите наши колеги.




Сите оние кои со изминативе две години спасуваат животи на тешко заболени од коронавирусот. Сите кои секојдневно ги жртвуваат своите животи, ги загрозуваат своите семејства и работат со пациенти заразени од коронавирус.

Десетици колеги и починаа како последица на коронавирусот.
Ова е „фала“? Извици со „увијци, увијци“?




Ова е огромно разочарување, кое освен за медицинарите, е и за општеството. Секој има право на различно мислење, секој има право да си искаже како ги перципира состојбите, да се вакцинира или не..




Но не и на вакви карактеризирања. Никој не бил принуден на лекарски третман, туку секој сам се јавува на лекување. А за ние да лекуваме, сме го посветиле цел живот на образување кое трае и до денеска.




Никој не бил натеран ниту на вакцинација, бидејќи секој сам си се изразува според негова воља. Туку каде се лекуваат овие лица за кои докторите се „увијци“?

Ги повикуваме сите здруженија и институции на осуда на ваквото омаловажување на професијата и медицинарите.“




Една од говорничките на вчерашниот протест, Гордана Гоџо, попладнево на својот профил на социјалните мрежи упати извинување до цела јавност, во кое вели дека таа не ги изговорила спорните зборови кон лекарите, туку толпата.




Но, на снимката која ја постави д-р Марија Михајлова во коментар под постот, а која можете да ја видите ТУКА, се гледа дека Гордана Гоџо се смее дури лекарите ги нарекуваат увијци.




Previous articleГордана Гоџо сега се извинува – не го кажала таа тоа за докторите, туку публиката
Next articleВо две европски земји забрана за влез на патници од Македонија