Home News Гордана Гоџо сега се извинува – не го кажала таа тоа за...

Гордана Гоџо сега се извинува – не го кажала таа тоа за докторите, туку публиката

Статус на Гордана Гоџо: ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ НА ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ




Почитувани браќа и сестри, Денес на социјалните мрежи ме пресретнаа мојата слика со написи како „доктори наречени „убијци““. Со неверување, затоа што никогаш не би кажала такво нешто, помислив повторно дека се работи за медиумска конструкција со цел нарушување на мојот углед.




Сепак, прегледувајќи го видеото со мојот говор, иако јас НЕ сум изговорила такви зборови, забележав дека на мојот говор во моментот кога ги спомнав докторите, публиката меѓу другото ги извикувала и зборовите „ув ијци“, поради што дел од јавноста разбрала дека истите се однесуваат на докторите, а не на оние кои дадоа повод за овие протести..




Затоа, јавно сакам да се извинам на целата јавност и пред сè на докторите кои се чувствуваат повикани во конкретната снимка и да кажам дека иако во такви околности скоро невозможно е да се контролира публиката, сепак чуствувам морална одговорност да го сторам ова. Доколку овие зборови во тој момент ги разберев во контекст како што ги пренесоа „независните“ медиуми, мојата реплика за публиката би била следната:




„Ги разбирам вашите фрустрации затоа што после 4-5 месеци откако почна вакциналната кампања, веќе скоро секој знае за по некој случај со примени дури и две дози на вакцина, да заболи со тешки последици, па дури и см рт.




Но, официјалната реторика и официјалниот став на струката за овие случаи е дека без никаков сомнеж, не се поврзани со вакцината!

Како?… Кога самиот производител ги наведува истите состојби како нус-појави? Како?.. Кога причината за см рт е утврдена без ауто псија? …




Милион прашања на луѓето, без ниту еден одговор од струката без политиката.

Но, „увиец“? Не може да биде уб ие-ц некој што секојдневно минува низ агонијата на болните. Докторите се тие кои секоја животна приказна со која ќе се сретнат треба да ја внесат во својот живот и да продложат со неа. Не е фер и неблагодарно е сите, заедно со докторите-политиканти, да ги ставиме во ист кош и да ги наречеме „увијци“. Зарем мислите дека тие не се збунети?




Зарем мислите дека нив не ги интересира зошто во Македонија има најголема смртност? Зарем мислите дека тие после секој смртен случај не си го поставуваат прашањето: „А дали можев да направм нешто повеќе за да го спасам?“ Зарем знаеме дека не преземаат ништо во врска со ова, па да ги обвиниме?




Па, благодарение на огромниот број на доктори кои излегуваат од темниот лавиринт во кој ги стави политиката. ние денес сме овде, свесни за сето ова што ни се случува. Токму доктори се тие што ни ги отвораат очите! Како инаку ние ќе разберевме? Зарем тој доктор бил „ув иец“ пред да проговори јавно?




Не. Ве молам гневот да го насочиме таму каде што е соодветно, а тоа е кон политиката поддржана од медиумите која ја презеде улогата на доктор пред јавноста и сите, заедно со вистинските доктори, нè донесе на ова немило дереџе…“, напиша меѓудругото во својот јавен статус на фејсбук Гоџо.




Previous articleВучиќ јавно и се обрати на мајка си: Мајко, прости ми што никогаш доволно не ја искажав љубовта кон тебе
Next articleД-р Марија разочарано праша: Ние ли, кои две години се жртвуваме го заслуживме ова?