Home News Во две европски земји забрана за влез на патници од Македонија

Во две европски земји забрана за влез на патници од Македонија

Утрово, министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека епидемиолошката состојба од ден во ден станува се посериозна.




-На утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, се разгледуваше епидемиолошката состојба која од ден во ден станува се посериозна.




Менаџирањето на ситуацијата индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога на сила стапуваат новите мерки.




Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи.




Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смр тен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот, порача Филипче.




Три лица од Гостиварско ќе се соочат со пријави бидејќи ја напуштиле земјава, а имале решенија за изолација.

Од СВР Тетово информираат дека во вчерашните контроли со кои се опфатени лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат имало прекршувања.




– Констатирано е дека Ш.Д.(48) од гостиварски Сенокос, Х.А.(25) од Дебреше, Л.Ј.(33) од Дебреше не се придржувале на решенијата, односно ја напуштиле државата, посочуваат од СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидата поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Крив ичниот законик.




Одлуката која што норвешките власти ја донесоа на 13 август, стапува на сила денеска, откако на денот кога е донесена било утврдено дека Македонија со два милиони жители има 639 нови случаи на Kовид-19, Косово со 1,8 милиони жители имаше 1.009 случаи, а Украина каде што живеат 44 милиони имала 1.263 нови случаи на ковид-19, објави Шенген виза инфо.




Поради зголемување на бројот на новозаразени и Финска одлучи од денеска повторно да воведе забрана за влез на патници од Косово и од Македонија.

Норвешката Влада воведе дополнителни рестрикции за влез на граѓани и од неколку ЕУ земји, вклучувајќи ги Бугарија, Лихтенштајн, Словенија и Австрија, а патниците кои доаѓаат од овие земји ќе мора да бидат во карантин по пристигнувањето,




откако овие четири држави од зелена се префрлени во портокалова категорија.

Previous articleД-р Марија разочарано праша: Ние ли, кои две години се жртвуваме го заслуживме ова?
Next articleЛевица и ВМРО стојат зад срамните протести и нападите над лекарите и новинарите – прес на Ненад Коциќ од СДСМ