Home News Најчевска и одговори на националиcтичkaтa госпожа која и го споменала името

Најчевска и одговори на националиcтичkaтa госпожа која и го споменала името

Статус на Мирјана Најчевска:




„Така кога некоја националистичка госпожа која нема никаков допир со правото, а богами и со логиката, ќе ти го спомне името во свој напис, не знаеш дали да се смееш, или да плачеш.

Уште повеќе, дали да објаснуваш нешто за што нема интелектуален капацитет да го разбере или едноставно да премолчиш.




Секогаш ми стои оваа дилема, а посебно кога станува збор за луѓе кои имаат влијание на голем број млади, ги моделираат и им продаваат (не)знаење, но и омраза завиткана во светлуцава хартија.




Ајде нема да и одговарам на госпожата, туку едноставно ќе пробам да објаснам за тие кои навистина сакаат да знаат.
Охридскиот рамковен договор е договор за мир.




Не навлегувам сега во тоа како дојде до конфликтот, како се одвиваше и што се можеше да биде направено. Едноставно, беше нужно да биде склучен таков договор.




Договорот е внатрешно контрадикторен, меѓутоа отвора простор за развој на државата како граѓанска. Тоа може да се види во основните принципи: 1.2, 1.4, и потоа, во точка 4.2, 5.2, 6.4 (можам да дадам и пошироки објаснувања во врска со овие членови).




Проблемот е што Рамковниот договор не го заврши своето активно фигурирање во правниот систем со уставните промени, туку продолжи да постои како континуиран извор на правото со што се дестабилизира самиот систем.




Тоа е исто како со афирмативните мерки со кои се адресира дискриминација.

Тие постојат се до моментот кога ќе бидат отстранети условите кои предизвикувале дискриминација, а не како постојана алатка која ги негира или ги миноризира останатите критериуми.




Previous articleОливер Спасовски: Во близина на Бардовци, во тек е изградба на нов Прифатен центар за странци
Next articleФилипче: Ни утре, ни задутре нема да почнат новите мерки