Home News Сашо Тасевски: Не може бе луѓе никој да ве сфати сериозно ако...

Сашо Тасевски: Не може бе луѓе никој да ве сфати сериозно ако давате микрофон на секоја БУДАЛА

Огромни се реакциите по синоќешниот протест, на кој рандом луѓе си зедоа за право да ги омаловажуваат докторите и новинарите и да кажуваат што ќе им текне од микрофон.




Реагираше познатиот доктор Владимир Чадиковски, кој на Твитер на демонстрантите им порача:

„Зошто протести пред Влада и Собрание , по соодветно е пред болниците со болни од Ковид..може ќе ги убедат дека не се болни!!!




Огромна поддршка за сите колеги кои се бориме против овој вирус ,кој ни го промени животот!!! Разбирам и подржувам став,мислење,но ова е срамота!!“

Инфлуенсерката Миа Костова, која во голем дел ги дели ставовите на противниците на вакцини, беше уште поостра кон организаторите на вчерашниот собир:




„Не бе не, ќе праи протест против ковид мерки и присилна вакцинација ќе земе да се дере у микрофон и да колне доктори, сече маски пошо тешко се палат и апелира да се напраи една ор гија док се сите собрани да видиме шо ни може корона.




Не бе неее, ќе се преселам на Марс. 80 посто од тие што беа на протест не делат мислење со тие со микрофоните. Ја би ја чукнала по глаа да се рестартира док гордо пљука у микрофонот.




Штета… а баш мислев дека бар некад нешто ќе профункционира. Нејсе, со среќа нови мерки, се глеаме на клупи у парк.“

Се огласи и актерот Сашо Тасевски, кој исто така имаше што да им каже на организаторите на вчерашниот протест:




„Не бев вчера на протестот. Ветив нешто на ќерка ми, а изумив дека има протест и дека е недела. Но…друго сакам да кажам, се лутеле или не.

Сум го кажал ова на поединци од таа група, не јавно. Еве сега ќе го кажам.




Значи не може бе луѓе никој да ве сфати сериозно ако на таков протест и давате микрофон на секоја будала. Не може. Вие дајте го микрофонот и на будала ама барем нека е шармантна и луцидна.

Не е секој за микрофон и за кажуење на епохални пораки од типот царот е гол, ово оно… Мала шала.




Точно треба да се знае кој што прави. Како во војна. А во војна сме. Војна помеѓу два светогледи. Корпоративен глобалистички и индивидуален суверенистички.

Мора да ја разберете големата слика и да дејствувате според неа, а тука нема место за лоши импровизации, лудачи и лудаци дојдени на бафтана или зашто се мислат генијални.
Не може бе неписмени да ги пишуваат транспарентите.




Па ѕирнете ги пред протестот, згазете ги ако се глупави пораките и напишано од првооделенец. Со право ве исмеваат.

Ова не се неважни работи што ви ги зборувам. Многу се важни. Оти шпица пица продава.




Ако ве промовираат лудаци и неписмени, никој нема да ве есапи и да го купи она што го нудите.“

Previous articleВо Србија се почнува со трета доза, кај нас состојбата станува многу сериозна, информира утрово Филипче
Next articleВучиќ јавно и се обрати на мајка си: Мајко, прости ми што никогаш доволно не ја искажав љубовта кон тебе