Home News Во Србија се почнува со трета доза, кај нас состојбата станува многу...

Во Србија се почнува со трета доза, кај нас состојбата станува многу сериозна, информира утрово Филипче

Последниве десетина дена, состојбата со корона вирусот во регионот, но и кај нас се усложнува.




Рапидно почна да се зголемува бројот на нови позитивни, овој пат од Делта сојот, кој се карактеризира со многу поголема преносливост.

Членката на српскиот Кризен штаб, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, најави дека од утре во Србија ќе почне да се аплицира трета доза на вакцините против корона вирусот..




Таа наведе дека третата доза ќе ја примат граѓани со намален имунитет, кои се на хемодијализа, со трансплантирани органи, лица постари од 70 години.

Истовремено, трета доза ќе им биде препорачана и на патниците во меѓународниот сообраќај, бидејќи според Кисиќ Тепавчевиќ, голем број луѓе од одмор се вратиле заразени со Ковид-19.




Трета доза вакцина се препорачува и за вработените во здравствените институции, кои имаат должност и обврска да ја заштитат својата професионална околина и да спречат ширење на Ковид-19 – посочи Кисиќ Тепавчевиќ.




Министерот за здравство Венко Филипче, утрово во два статуси на социјалните мрежи, информира за состојбата:

-На утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, се разгледуваше епидемиолошката состојба која од ден во ден станува се посериозна.




Менаџирањето на ситуацијата индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога на сила стапуваат новите мерки. Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи.




Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот.




На состанокот кој утрово го одржавме заедно со директорите на клиниките дискутиравме за повеќе аспекти поврзани со менаџирањето на состојбата и капацитетите за прием на пациенти заболени со Ковид 19 вирусот, кои имаат потреба од клинички третман.

Она што е неопходно е проширување на капацитетите за прием на пациенти и за таа намена од денеска се ставаат во функција 8ми Септември и модуларната болница на КИБФС.




Го менаџираме здравствениот систем и веќе се подготвени тимови за ротација на здравствен персонал според потребите на клиниките. Многу е битно да им помогнеме на медицинските лица при започнување на 4тиот еппидемиолошки бран, а тоа можеме да го направиме единствено со вакцинација.




Вакцините може значително да го успорат процесот на проширување на вирусот, да влијаат на исходот од болеста и затоа, бидете одговорни во овој процес.

Потребно е што повеќе луѓе да бидат вакцинирани за да се постигне солиден колективен имунитет.




Previous articleД-р Чадиковски: Одете да протестирате пред Ковид болниците и да ги убедите оние кои се таму дека не се болни
Next articleСашо Тасевски: Не може бе луѓе никој да ве сфати сериозно ако давате микрофон на секоја БУДАЛА