Home News Вучиќ јавно и се обрати на мајка си: Мајко, прости ми што...

Вучиќ јавно и се обрати на мајка си: Мајко, прости ми што никогаш доволно не ја искажав љубовта кон тебе

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, минатата недела беше цитиран од Балканските медиуми, со изјавата во која вели дека нема да оди на одмор, но дека не им забележува на оние политичари кои одат.




Вучиќ вели дека тие сигурно се уморни штом одат на одмор, но дека тој самиот тоа не може да си го дозволи со оглед на состојбата со пожарите во регионот.

Луѓето имаат свои семејства, одмараат по напорната работа. Јас сум овде, сакам да бидам овде.




Замислете да избие некој пожар, а јас да не бидам тука. Не би го издржал тоа, морам да бидам со најголемиот дел од нашиот народ, иако не можам да верувам колку луѓе имаат отпатувано, кога ќе ги погледнам податоците од граничните премини.




Тоа значи дека собрале доволно пари за да можат да отпатуваат и покрај короната – истакнува Вучиќ.

Луѓето од опкружувањето на српскиот претседател, за портал „Ало.рс“ велат дека Вучиќ не бил на море во изминатите 10 години.




Секоја година откако стапи на функција, прво како премиер, а потоа како претседател, иста приказна. Се обидуваме да го наговориме да се одмори малку, но нема шанси, секогаш се случува нешто важно и тој не може да одвои ниту три дена за себе – вели за „Ало“, близок човек до Вучиќ.




Српскиот претседател Александар Вучиќ со емотивна порака и честиташе роденден на својата мајка. Тој вчера објави на „Инстаграм“ слика од нив двајцата од пред четириесет години, кога тој бил дете и ѝ се извини затоа што немал време за неа.




„Ова на сликата сме мајка ми и јас, сепак, пред четириесет години. Денес на Анѓелина, мајка ми и е е роденден. Покрај честитките сакам да ѝ се извинам што никогаш немав доволно време за неа, никогаш не знаев како да покажам толку многу љубов,




како што таа несебично ми ја даде на мојот брат и мене и да ги замолам сите луѓе да не прават грешки во однос на нивните родители каква што направив јас и за која денес се каам. Најголемата од нив е дека се друго за мене отсекогаш било поважно од вниманието што требало да го посветам на мајка ми, барем илјадатиот дел од она што таа ми го даде.




И, да, некои ми велат, добро, тие се стари луѓе, а мојот одговор е дека мајката и таткото никогаш не се стари.

Мајко, да си жива и здрава и се надевам дека твоите внуци ќе ти вратат барем дел од она што не ти го дадов“, напиша Вучиќ.




Previous articleСашо Тасевски: Не може бе луѓе никој да ве сфати сериозно ако давате микрофон на секоја БУДАЛА
Next articleГордана Гоџо сега се извинува – не го кажала таа тоа за докторите, туку публиката