Home News Фуркан Салиу: Навредувани сме од вакcеpи, антивакcеpи, пcихопaти и од кого уште...

Фуркан Салиу: Навредувани сме од вакcеpи, антивакcеpи, пcихопaти и од кого уште не

Поради состојбата во која се наоѓа нашата и ваша телевизија „Алфа“, принудени сме да ги скратиме вестите на 10 минути, без прилози, видео и тонски материјали.




Истото се однесува и на другите информативни програми, а ваквиот формат останува се до надминување на состојбите, пишува во соопштението на ТВ „Алфа“.

Управителот на Алфа телевизија, Јани Бојаџи, вчера за „360 степени“ потврдил дека дел од вработените и хонорарците протестираат поради неисплатени две плати и хонорари и најавил дека сè ќе се реши до крај на овој месец кога сè што им се должи ќе биде исплатено.




„Утре, а најдоцна до крајот на оваа недела, вработените во ТВ Алфа ќе добијат една од двете плати со чија исплата се доцни, а хонорарците ќе добијат по еден хонорар“, изјавил Бојаџи за „360 степени“, откако денеска на телевизијата се појави кајрон со известување дека вестите ќе траат само 10 минути и ќе бидат без прилози, видео и тонски материјали.




„Поради состојбата во која се наоѓа нашата и ваша телевизија Алфа, принудени сме да ги скратиме вестите на 10 минути, без прилози видео и тонски материјали.

Истото се однесува и на останатите информативни програми, а ваквиот формат останува сè до надминување на состојбите“, пишува на кајронот.




„Колегите од редакцијата Вести, дел од информативната редакција одлучија да протестираат. Тоа е нивно право кое јас го почитувам, бидејќи Алфа има синдикат и јас целосно и како професионалец и како човек го почитувам ова нивно право.

Се надевам дека и тие ќе ги почитуваат своите обврски што ги имаме ние како телевизија со национална концесија и дека сето ова брзо ќе се реши“, додава Јани Бојаџи.




На социјалните мрежи, се појавија многу зајадливи коментари, од луѓе кои ТВ Алфа ја етикетираат како опозициска телевизија. Токму околу ова, проговори новинарот Фуркан Салиу:

„Тие кои ја доживеа истата судбина како вработените на Алфа се потсмеваат на нивната ситуација.




Ни се случи А1, а сега и Алфа. Алфа е само уште еден доказ за тоа во каква состојба се нашите медиуми. Зависат од Власта, од субвенции, кампањи и владини реклами, и токму затоа нема креативност, програми што вреди да се гледаат.




Најлошото е што партиски членови на Сдсм се потсмеваат и се радуваат на оваа состојба, а не сфаќаат дека ова е неуспех и на нивната Влада… Не успееја после режимот да го стабилизираат и нормализираат медиумскиот пазар.




Не, новинарите не се платеници, туку социјални случаи! Работат во екстремни услови, за малку пари. Навредувани од позиција, опозиција, ваксери, антиваксери, пси хоп ати, и од кого уште не. Но тоа е, какви медиуми такво општество.

Денешната младина се пали на турбофолк, скапи коли и пари, забораваме на нештата кои навистина се важни. Вчера А1, денеска Алфа, утре кој е на ред?“




Previous articleБетмен Велит: Она што во Германија чини 50 денари, кај нас се продава за 450
Next articleИрена и упати порака на најгласната протестантка: Душо, вака земи го микрофонот и кажи им на Швајцарците да кинат натписи