Home News По најавата за кандидатура на Ана Петровска за градоначалник на Скопје, се...

По најавата за кандидатура на Ана Петровска за градоначалник на Скопје, се огласи и Петре Шилегов

Ана Петровска, поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на коалицијата Зелен хуман град на претстојните локални избори, а денеска почна процесот собирање потписи.




– Ние веќе ги поднесовме до четири подрачни канцеларии на ДИК нашите листи така што граѓаните веќе можат да почнат да ги даваат своите потписи и поддршка..

После оваа прес-конференција ни остана да поднесеме во подрачното одделение за општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај и веќе ќе биде целиот град Скопје опфатен, од сите општини граѓаните ќе можат да излезат и да не поддржат, рече Драгана Велковска од иницијативата „Зелен хуман град“.




Во 90 отсто од идеите, кои незавиасно ги работеле, Петровска и Зелен хуман град се поклопиле, што придонело таа да ја прифати кандидатурата за градоначалник на Скопје, поддржана од иницијативата Зелен хуман град .

– Ние имаме една заедничка визија, пред јас да ја прифатам кандидатурата тие веќе ги зрееле своите идеи и тези за тоа како треба да се управува градот, а јас незнаејќи за нив направив една компилација од своите идеи, замислете, се поклопивме во 90 отсто, што значи дека ние навистина заедно можеме да ги направиме оние промени кои граѓаните толку желно ги очекуваат – рече Петровска.




Пред сѐ, посочи, сакаат да го отворат Градот Скопје кон јавноста, да стане една заедница на учество на сите засегнати страни, на граѓаните, да бидат поотчетни, да зборуваат за начинот како се програмираат и трошат парите на граѓаните.




– Ќе организираме и буџетски форуми каде граѓаните ќе мижат да имаат информации за приоритетните стратешки проекти на Градот и како планираме да ги подобруваме и надградуваме усугите кон граѓаните, услугите на граѓаните се пред се и тие треба да бидат достапни, ќе работиме и на нивна дигитализација имајќи предвид дека и пандемијата е се уште присутна.




Ќе ги вклучиме во носењето на одлуки младите, маргинализираните групи и луѓето се хендикеп. За да хуманизираме градот навистина тој да стане зелен хуман град, ќе работиме на нов ГУП што ќе ја запре бетонизацијата, ќе го заштити и унапреди постојното зеленило и ќе воспостави одржлив мобилен систем, значи урбаната мобилност ќе се зајакнува давајќи предност исто така и на алтернативните форми на сообраќај, велосипедизмот и пешачењето за да го спречиме и до некаде намалиме загадувањето на воздухот, потенцира Петровска.




-Во демократска држава како што е нашата, правото да се бира и да се биде биран е неприкосновено право на секој граѓанин, она што го знам имајќи предвид дека позициите кои што ги има Ана Петровска во Министерството за животна средина и во Државниот инспекторат за животна средина,




таа беше презадоволна од работата, изјави градоначалникот Петре Шилегов, по информацијата дека поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на коалицијата „Зелен хуман град” на претстојните локални избори.




-Од позициите што Ана Петровска ги имаше во Министерството за животна средина и државниот инспекторат, беше презадоволна од работата и функционирањето како на градот така и на Инспекторатот за животна средина, ќе биде предизвик да се чујат нејзините размислења, бидејќи доколу имала приговор зошто тој приговор не го истакнала во фазата




кога имавме многу добра соработувавме, ќе потсетам дека за поморот на Вардар и загадувањето од страна на Железара, градскиот, а не државниот инспекторат излезе, исто и за медицинскиот отпад, борбата со Дрисла ја добивме ние не ја доби државниот инспекторат, така да ќе биде предизвик да во кампањата ги размениме милењата токму од оваа позиција, заклучи Шилегов.




Previous articleИрена и упати порака на најгласната протестантка: Душо, вака земи го микрофонот и кажи им на Швајцарците да кинат натписи
Next articleЗуица раскажа како со Наум Петрески се грижат за децата и како живеат во овие времиња