Home Live За ФОКУС се огласи пејачката Сања Сани Гроздановска: Пак сум позитивна на...

За ФОКУС се огласи пејачката Сања Сани Гроздановска: Пак сум позитивна на вирусот, а пред 7 месеци го прележав

Фолк пејачката Сања Гроздановска е позитивна на Ковид-19. Ова е втор пат во изминатите седум месеци како таа се инфицирала со вирусот, а за ,,Фокус” појаснува дека е со блага клиничка слика, на домашно лекување.




-Да, по втор пат сум позитивна на корона вирус, но не сум хоспитализирана, како што се објави во некои медиуми. Со блага клиничка слика сум, тоа го потврдуваат и наодите. Имам покачена температура, кашлица, примам инфузии. И пред седум месеци, кога бев инфицирана, поминав слично, со истите симптоми – раскажува Сања..




Вели дека на 11-ти овој месец ја примила првата доза од вакцината против Ковид-19, а по два дена и се покачила температурата. На почеток, помислила дека станува збор за реакција од вакцината, но кога започнала да кашла, се посомневала дека се работи за нешто друго.




-За покачената температура мислев дека е нормална реакција од вакцината, но кашлицата беше јасен знак дека нешто друго се случува.

Ете, по втор пат во рок од седум месеци сум позитивна на корона вирус, во домашна изолација сум, се лекувам, одморам.




Роденден и е на ќерка ми, жал ми е што вака се случи токму за роденденот, и двете ќеркички се сега со баба им, но се надевам дека за кратко време ова ќе биде зад нас и ќе надоместиме за пропуштеното – вели убавата пејачка.




Апелира до сите максимално да се придржуваат до мерките за заштита, бидејќи како што е случајот со неа, вирусот може да нападне и по втор пат.

-Без разлика дали некој е прележан или пак вакциниран, мора да се почитуваат мерките за заштита. Чувајте се!




Мало невнимание може да доведе до вакви ситуации, и гледам дека на сите ни преостанува сами да се заштитиме себе и блиските, бидејќи и кога се вели дека се работи за блага слика, сепак не е се така лесно и едноставно.

Температурата и кашлицата исцрпуваат, тоа го почувствував на своја кожа – раскажува Гроздановска.




Таа требаше вечерва да настапи на манифестацијата за избор на Летен фолк хит 2021, која се одржува во Новаци, под покровителство на општината и градоначалникот.

Жали што нема да може да се појави пред публиката, но верува дека за кратко време болеста ќе биде зад неа.




Целиот текст прочитајте го на фокус.мк

Previous articleЗуица раскажа како со Наум Петрески се грижат за децата и како живеат во овие времиња
Next articleПриказната на Адријана Алачки за стариот и изнемоштен татко