Home News Д-р Нико Беќаровски смета дека бројот на позитивни е 4 до 5...

Д-р Нико Беќаровски смета дека бројот на позитивни е 4 до 5 пати поголем – објасни и зошто

По денешните преку 1000 нови дијагностицирани ковид позитивни, министерот за здравстви Венко флипче на својот профил на фејсбук напиша:




„Здравствениот систем е подготвен и се разгледуваат сите можни сценарија за евентуален притисок врз болниците со прием на пациенти со Ковид.

Jа следиме епидемиолошката состојба во цела земја и бројот со приемот на пациенти. Доколоку се јави потреба ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид пациенти.




Подготвен е и кадарот и каде и да биде потребно ќе бидат испратени дополнителен број лекари и медицински персонал. Граѓаните максимално одговорно да се однесуваат е пораката на Универзитетските клиники во кампусот Мајка Тереза.“

Д-р Нико Беќаровски во интерву за ТВ 24 смета дека се доцни со мерките.




-Прашање беше дали треба потполно да се либерализираат работиве. Јас уште на 2 јули апелирав да се воведе барем при влез во државата, посебно за иселениците кои се враќаат, еден ПЦР тест или доказ за вакцинација.

Како што видовме изминатиот период, тие беа основните места каде што оваа епидемија потоа се пренесе, изјави д-р Нико Беќеровски во интервју за ТВ 24.
Тој додава:




– Во еден момент имавме по четири, пет случаи на дневна основа. И, што беше уште поважно, кај нас не беше влезен делта-сојот, а сега тој е тука кај нас.

Мерките би биле резонски ако треба допрво да не дојдат нови соеви плус, но сојот е веќе тука. Во светот не циркулира некој нов сој којшто би ни предизвикал опасност во догледно време.  Тој што е доминантен сој веќе се шири низ Македонија.




Бројките не се само во Тетово. Јас доаѓам од дежурство, вчера бев дежурен. Од пациентиве кои пројдоа, 70 проценти беа позитивни. Дел од нив, кога ќе им се спомне тест – бегаат.

Едноставно, знаат дека се позитивни и бегаат, бараат да бидат прегледани на друго место.




Во аптеките веќе нема брзи тестови, сите се тестираат дома и тие резултати никаде не се евидентираат. Ако денес имаме 1000, реалниот број е четири до пет пати поголем од тоа.

На прашањето зошто толку се доцни со мерките, д-р Беќаровски вели дека сите негови колеги, коишто се во Комисијата којашто ги носи овие мерки, „кога би размислувале исклучиво како доктори, овие мерки би ги донеле тогаш кога ги сугериравме.“




Previous articleМицкоски вечерва со повик до Апасиев: Левица да гласа за опозициските кандидати за градоначалници
Next articleКристина Костова: Деновиве видовме како на социјалните мрежи „се изеде многу кромид.“