Home News Филипче денес известува за преку 1000 позитивни и повторно проговори за разликата...

Филипче денес известува за преку 1000 позитивни и повторно проговори за разликата меѓу оние кои се наспроти тие кои не се имунизирани

Венко Филипче поладнево изјави дека и денеска има околу 1000 новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Тој рече дека после месец дена сите кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат без оглед на начинот на кој се лекувани..




За организација на сите настани и на отворено и на затворено, посочи, потребно е да се приложи сертификат за примена најмалку една вакцина или доказ дека болеста е прележана за што има временски период од 45 дена без разлика дали во објектот има под 30 или над 30 посетители.




Потенцира дека единствено ако во угостителскиот објект или на настанот има над 30 луѓе, треба да се организира редарската служба.

– Десеттина проценти од сите кои се дијагностицираат во текот на денот се вакцинирани. Исто така, десеттина проценти од хоспитализираните се вакцинирани.




Тоа што охрабрува е дека од вкупната бројка вакцинирани која во текот на вчерашниот ден достигна 600 000 многу малку се дијагностицирани. Бројката се мери во промили 0,002, што значи дека главниот проблем е во бројот на граѓани кои не се вакцинирани.




Воопшто немаме проблем со тие кои се вакцинирани и во другите земји заболуваат меѓутоа за 20 пати е помал ризикот од см ртен исход ако заболи некој кој е вакцинира, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по свеченоста по повод Денот на Армијата.




Тој потенцира дека во текот на вчерашниот ден целосно било ставено во функција инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“, каде, како што појасни, има слободни кревети, но обезбедуваат дополнителен простор во делот на интензивната нега.




– Од вчера попладне целосно во функција се стави модуларната болница до Инфективната клиника и за тука има обезбедено дополнителен кадар од другите клиники. Околу 10-тина кревети веќе се зафатени.




Имаме и други капацитети кои се подготвени тоа е болницата за рехаблитација во Козле. Притисокот во болницата во Тетово според разговорот кој го имав синоќа со директорот беше нешто спласнат. Останува оној голем број прегледи во текот на денот во сите институции во болниците каде има притисок, рече Филипче.




Previous articleНова опасност, особено за неимунизираните е Делта Плус сојот
Next articleМетеорологот Славчо Поповски со добри вести – објави какво време не очекува