Home Live Марија Пијанманов прокоментира кај Миа Костова на профил, па доби жестоки одговори...

Марија Пијанманов прокоментира кај Миа Костова на профил, па доби жестоки одговори (ФОТО)

Миа Костова на својот профил на социјалните мрежи, ги прокоментира мерките за локалите:




„ојнама шикадам шикадам…. Ако, рикнете ги сите, шо ги вртите, важно е да има протокол ко нигде у свет. Да сме уникатни.

Па ја не знам што прават угостителите искрено? 200 кафани и локали објавија две маси и 1500 денари промет… а знаете што ќе се деси со бројките од меркиве?




Еве, максимално необразувана на темава ќе ви кажам. Ништо, само ќе биде полошо.“

На овој нејзин статус и одговори Марија Пијанманов:

Уше до угостители дошло!!! За еден делта заразен во Нов Зеланд цела држава е во карантин, што е исправно! Од Делта ув ираат и деца! Опрајте се никој нисто сеуште не знае освен свеста дека опасноста е преголема!“




Врати со коментар Миа Костова:

Марија Пијанманов, кога веќе си кај што си, прашај дали се влага со пср или со антитела. И пред да ми одговориш ќе ти кажам , да, се влага. Не ни е на сите Париз недостижен, сме биле и подалеку…




И ќе те замолам да не шириш дезинфомации или настапи со некој научен доказ за смртност од Делта кај деца. Тоа што си во Париз не ти дава тежина на коментарот. Крајно, јас прележана и ти вакцинирана.

Знаеш кој попрво ќе фати? Ти. А ти се мафташ по локали со сертификат додека јас не можам да влезам во мол. Филипче ќе лета на килим многу скоро за оваа тортура, а ти ќе сведочиш од Париз.“




Па следеше уште еден поопширен одговор од пријателка на Миа:

Марија Пијанманов прво и основно дали сте запозната колкаво обештетување даваат нов зеланд, австралија на луѓето кои се приморани на ова и другите земји кои превземаат радикални мерки?




Не фи оставија да процркаат своите граѓани! Дали знаеш ете таму во града Париза дека понудено е избор на вакцини? Патем признати во светот? Дека секаде се влегува со вакцина, негативен пср или антигенски тест (кои исто така најчесто се бесплатни)?




Овде добиваме уцени и терор без притоа одговорните ништо не понудиле за возврат да можат да се дрзнат на ваков чекор! Знаете колку колку кошта една небулозна изјава од министер доктор неврохирург во Париз кој ќе изјави дека прележаните немаат имунитет како вакцинираните? Кошта оставка од министер за здравство и одземање на лиценцата за работа!




Прележаните имаат појак имунитет од нас вакцинираните! Основно начело во медицината! Основно начело во државмичките работи е дека треба да се грижиш за своите граѓани пред да ги репресираш! Нека понудеше избор на вакцини како сите западни и развиени земји кои се осудија на ова па нека се дрзне на ова! Од делта не ув ираат деца!

Класично замајување е ова! Никаде никој не изјави дека умираат деца. Единствено се повеќе подложни на зараза, што е нормално кога стапката на вирулентност е поголема за 60%, а го поминуваат полесно и од првичниот сој!




Не е само да се тропне некоја зелена и да се остане жив!
П.С. прочитајте што значи клеточен имунитет и кажете ми дали синовак или синофарм ќе го направи клеточниот имунитет. И кога ќе читате за него прочитајте за клеточниот имунитет кај прележаните. Потоа може да дискутираме и за хуморалниот…




П.П.С. Баш дека сме оправени ни е голем револтот! Задоцнети мерки по 3 преживеани брана и најава за 4ти. Каснеа како лански снег. А сега наеднаш се буди мечката од зимски сон!“

Previous articleИсповед на млада Авганистанка: Работев за западна феминистичка НВО, а сега тие одбиваат да ми помогнат
Next articleМицкоски вечерва со повик до Апасиев: Левица да гласа за опозициските кандидати за градоначалници