Home News Метеорологот Славчо Поповски со добри вести – објави какво време не очекува

Метеорологот Славчо Поповски со добри вести – објави какво време не очекува

Денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.




Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.




УХМР информира дека во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени




Најмногу дожд -13 литри на квадратен метар вчера наврна во Струмица, по што следат Скопје со 12 литри, Штип со 11, Берово со шест, Куманово и Виница со по три и Крива Паланка со еден литар на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и за викендов најавува пороен дожд и грмежи на повеќе места.




Од УХМР посочуваат дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.




Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со засилен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 33 степени Целзиусови.

Според најавите од УХМР, утре ќе преовладува сончево време со пониски дневни температури, кои ќе се задржат и во наредните неколку дена. Во петок попладне претежно во јужните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи.




Променливо облачно и понестабилно ќе биде во сабота, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град.

Според нашиот најпознат метеоролог, Славчо Попоски услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град ќе има во среда.




– Под влијание на посвежа воздуша маса која ќе продре од север, од четврток температурите ќе бидат КОНЕЧНО ПОПРИЈАТНИ и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.




Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека во среда и тоа особено попладне и навечер ќе започне да дува слаб до умерен северен ветер, кој Долж Повардарието ќе засилува, и токму со ова ќе започне продорот на посвеж воздух – вели Попоски.




Previous articleФилипче денес известува за преку 1000 позитивни и повторно проговори за разликата меѓу оние кои се наспроти тие кои не се имунизирани
Next articleРадмила Шекеринска доби Медал за лидерство и личен ангажман за влезот на Северна Македонија во НАТО