Home News Радмила Шекеринска доби Медал за лидерство и личен ангажман за влезот на...

Радмила Шекеринска доби Медал за лидерство и личен ангажман за влезот на Северна Македонија во НАТО

Денес, на Денот на Армијата на Република Северна Македонија – 18 Август, министерката за одбрана Радмила Шекеринска доби медал за посебни достигнувања од командантот на Националната гарда на Вермонт – генерал-мајор Грегори Најт.




„Нејзината визија и ангажман одиграa директна улога за Северна Македонија да стане НАТО сојузник“, се вели во образложението на одлуката.

„Шекеринска имаше витална улога во поддршката и развојот на државната програма за партнерство со Националната гарда на Вермонт.




Нејзиниот континуиран ентузијазам во партнерството доведе до забележителни успеси во односите. Нејзиното исклучително лидерство, јасни намери и динамичен ангажман служи како пример за целата програма на државното партнерство“, е пораката од Вермонт.




Министерката Шекеринска, на својот Фејсбук профил, се заблагодари за медалот, но и им го посвети на сите граѓани. „Моите заслуги се и нивни заслуги“, порача таа.




„Благодарам генерал Најт! Благодарам Вермонт! Медалот за лидерство и посебни достигнувања што ми го доделивте денес на Денот на Армијата, го посветувам на сите граѓани на мојата земја.




Моите заслуги се и нивни заслуги. Да живее партнерството на Северна Македонија и Вермонт!“

Previous articleМетеорологот Славчо Поповски со добри вести – објави какво време не очекува
Next articleИсповед на млада Авганистанка: Работев за западна феминистичка НВО, а сега тие одбиваат да ми помогнат