Home News Апасиев: Види вака друже, нашето рацио не е некого да донесеме на...

Апасиев: Види вака друже, нашето рацио не е некого да донесеме на власт, туку да станеме ВЛАСТ

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, синоќе во дневникот на Сител упати јавен повик кон сите да се придуружат кон иницијата за да ја победат оваа власт.




Мицкоски укажа дека овој повик се однесува и на раководтавото на Левица.

„Ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразиме оваа неспособна владеачка гарнитура нека се приклучат кон овој опозициски фронт“, рече Мицкоски.




Според него обединет опозициски блок буквално ќе го растури ова тенко владино мнозинство, а тоа го покажуваат и истражувањата на јавното мислење.

„Левица рече на изборите ќе одат само со листи за советници и ако одат така може да разговараме за мнозинство во општините во советите,




а претходно може да разговараме за поддршка за кандидати за градоначалници на опозицијата, без разлика од кои партии дали ќе се кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива или заеднички“, кажа Мицкоски.




Денес, лидерот на Левица, Димитар Апасиев му одговори на Мицкоски:

Мицковски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини ОПОЗИЦИЈАТА“!? Мицковски во реалноста:




– двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица;

– Курир, Република, Нетпрес и остали вмроидни ку- p тон-медиуми со месеци наназад водат вал кана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата;




– договара легализација на ди во градби со Заев у четири очи, во корист на урбаната ма фи- ја;

– аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија;




– ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ);

– прифаќа етницитет во лични карти, коо да сме Руанда;

– прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фа ши -стите од Алијанса);




– мали циозно спрема покв арени измени во Изборен законик, со сн ајпе рски ог ан насочен директно против Левица (фб-рекламирање)…

И, кога после се, идат анкетите пред Локални – гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!?




Види вака друже. Скроз си ја зрешил сликата за нас. Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт! Политичкото рацио на Левица е да стане ВЛАСТ.“




Previous articleЗоран Заев: Левица работи против интересите на граѓаните
Next articleМицкоски: Никој не бара од Левица да дојдеме на власт, дозволувам дека се работи за политичко неискуство