Home News Кристина Костова: Деновиве видовме како на социјалните мрежи „се изеде многу кромид.“

Кристина Костова: Деновиве видовме како на социјалните мрежи „се изеде многу кромид.“

Статус на Кристина Костова:

„Функционална неписменост. Знаат да читаат и да пишуваат, но не се способни да извршуваат секојдневни и работни обврски за кои е потребно повисоко од основно ниво читање.




Читаат, ама не можат и да прочитаат, уште помалку да сфатат.
Кај таквите учени недоучени најлесно поминуваат лагите (некои сакаат да ги нарекуваат лажни вести).

Деновиве видовме како на социјалните мрежи „се изеде многу кромид.“




Ќе доаѓале само мажи од Авганистан. Фотографијата е од Авганистанци кои Турција ги депортирала уште во 2018 г. Важно стравот е расфрлен и ксенофобијата е потпалена.
CNN им честитале на Талибанците затоа што си ги покривале устите.




Секако дека такво нешто никогаш не стоело на кајрон на CNN. Доволно е еднаш да вклучиш CNN и да погледаш дваесетина минути, па да знаеш дека таков наслов на прилог не би направиле. Доволно е и да се пребара на интернет, де, ама така не може да се шири пропаганда.




Вработена во државна институција ѝ кажува на Биљана Секуловска дека зема плата од 61000 денари. Интервјуто е од 2018 г. Ама, важно е да се рециклира стара вест за да се потпалат ст рас ти.




Откако ќе им се укаже дека наседнале, тие не се повлекуваат, па да размислат каде згрешиле и да се оспособат за да не ја повторат грешката.

Не, тие одат во уште поголема офанзива на незнаењето, уште поагресивни, а во секој нов чекор со сѐ побесмислени изјави:




„Па, еве и да не е така…“

„Па, нема врска…“

„Добро, јас саркастичен бев…“ Ахам, да. Саркастичен. Напливот на лажни вести станува поголем во пресрет на она што, несомнено, ќе биде жешка политичка есен.Случајно?




Не. Некои центри на моќ ги вртат ко флипери овие функционално неписмените, на кои факултетските дипломи можат да им послужат само за украс, затоа што дефинитивно не се показател за способноста да се чита и прочита дека се жртви на манипулација.“




Previous articleД-р Нико Беќаровски смета дека бројот на позитивни е 4 до 5 пати поголем – објасни и зошто
Next articleЗаштитата после 3 месеци од имунизација се намалува, но се уште е силна – еве колку изнесува