Home News Мицкоски: Никој не бара од Левица да дојдеме на власт, дозволувам дека...

Мицкоски: Никој не бара од Левица да дојдеме на власт, дозволувам дека се работи за политичко неискуство

По вчерашниот повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до Левица, за соработка на престојните избори, денес, лидерот на Левица, Димитар Апасиев му одговори на Мицкоски:

„Мицковски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини ОПОЗИЦИЈАТА“!? Мицковски во реалноста:




– двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица;

– Курир, Република, Нетпрес и остали вмроидни ку- p тон-медиуми со месеци наназад водат вал кана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата;




– договара легализација на ди во градби со Заев у четири очи, во корист на урбаната ма фи- ја;

– аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија;




– ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ);

– прифаќа етницитет во лични карти, коо да сме Руанда;

– прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фа ши -стите од Алијанса);




– мали циозно спрема покв арени измени во Изборен законик, со сн ајпе рски ог ан насочен директно против Левица (фб-рекламирање)…

И, кога после се, идат анкетите пред Локални – гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!?




Види вака друже. Скроз си ја зрешил сликата за нас. Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт! Политичкото рацио на Левица е да стане ВЛАСТ.“

Христијан Мицкоски веднаш му одговори на апасиев, на својот профил на социјалните мрежи:




„Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против криминалот, корупцијата и против лошиот живот наметнати од власта на СДСМ и Демократската Унија за Интеграции..

Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството на раководството на Левица. Впрочем, никој не побара од Левица да помогне да дојдеме на власт.




Побаравме да се обединиме да го срушиме Заев, а фактите говорат дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ/ДУИ на власт.

Еве шанса да се поправи грешката која сите нас скапо не чини.




Да се обединиме во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ, Целта е коалиција против криминал и корупција, за вадење на Македонија од калта во која се наоѓа, за подобра економија, образование и здравство.




Сосема на крај, никој нека не се сомнева во посветеноста и силината на ВМРО, таа извира од македонскиот народ, нашата традиција и идентитет.

Ние одиме по патот на рушење на овој корумпиран хибриден режим, дали Левица ќе биде дел од тој поход зависи од нив…“




Previous articleАпасиев: Види вака друже, нашето рацио не е некого да донесеме на власт, туку да станеме ВЛАСТ
Next articleМлада докторка од Брза Помош направи херојски потег – сите и велат браво