Home Live Оваа земја е доказ зошто секој треба да се имунизира – имаат...

Оваа земја е доказ зошто секој треба да се имунизира – имаат позитивни но не и упокоени

Израел и Исланд постигнаа голем успех во борбата против коронавирусот, односно во спроведувањето на кампањата на вакцинација беше истакнуван како пример кој светот треба да го следи справувањето со пандемијата.




Двете држави сега се соочуваат со нов бран на ширење на заразата, што се должи на појавата на делта-сојот, но тоа не го намалува позитивниот ефект од вакцинацијата, наспроти неоснованите повици на противниците на имунизацијата.

Податоците од надлежните здравствени служби во Израел и во Исланд покажуваат дека и покрај тоа што има заболени и меѓу вакцинираните, тие се соочуваат со благи симптоми.




А стапката на хоспитализација останува ниска. Од сегашните 1.300 активни случаи на Исланд, само два отсто завршија во болница, додека државата нема забележан смртен случај уште од мај.

Слична е ситуацијата и во Израел, каде што од мај, речиси и да не се забележани смртни случаи на дневно ниво (бројот е мал за да се воспостави просечен број на смртни случаи на дневно ниво), како што пренесува „Вашингтон пост“. Исланд вакцинираше 71 отсто од населението, а Израел околу 70 отсто.




Епидемиолошката слика на Исланд е најдобриот доказ за тоа колку се ефикасни вакцините. Оваа мала островска земја истовремено бележи рекорден број заразени и екстремно мал број хоспитализирани лица, а најдобрата вест е дека од 25 мај нема смртни случаи. Ова е последица, пред сѐ, на успешната вакцинација.




Исланд во изминатите 30 дена пријави 2.847 нови случаи на инфекција со коронавирусот, што е најголем број во еден месец од почетокот на пандемијата во земјата. Според експертите, виновникот е заразниот делта-сој. Сепак, две работи радуваат – симптомите на голем број од новите инфекции се благи, а бројот на смртните случаи е нула.




Научниците веруваат дека клучот е во имунизацијата. Исланд е на четвртото место на земји според стапката на вакцинација – 70,6 проценти од граѓаните ги примиле двете дози. Само Сингапур (73,1 проценти), Обединетите Арапски Емирати (73,7 проценти) и Малта (80,5 проценти) се пред Исланд. Соединетите Држави вакцинираа само 50,7 проценти од населението со двете дози. На глобално ниво, просекот е уште полош – само 23,6 проценти.




Брендон Гутрие, епидемиолог и професор на Универзитетот во Вашингтон, изјави за Вашингтон пост дека фактот дека во Исланд има мал број смртни или многу тешки случаи за време на големиот пораст на инфекциите треба да се смета за барем делумна победа. Карлос дел Рио, професор по медицина на Медицинскиот факултет Емори, во неделата на Твитер објави: „Исланд е доказ дека вакцините функционираат“.




Повеќето Исланѓани ја примија вакцината на Фајзер, иако земјата ги увезе и вакцините на Модерна, Астразенека и Џонсон и Џонсон. Повеќе од 98,2 проценти од луѓето постари од 90 години се вакцинирани со двете дози, во споредба со „само“ 70,8 проценти од луѓето во возрасната група од 16 до 29 години.




И покрај успешната стапка на вакцинација, исландските здравствени власти рекоа дека ќе ги задржат превентивните мерки барем до крајот на август. Овие мерки се однесуваат на бројот на луѓе што може да се соберат на едно место (до 200 луѓе), социјалната дистанца од најмалку еден метар е исто така задолжителна, маски за лице мора да се носат во затворени простории, а во сила останува и полицискиот час, кој почнува во 23 часот.




Во четвртокот, земјата почна да им дава дополнителни дози на оние што примиле една доза од вакцината Џонсон и Џонсон, како и на оние што имаат слаб имунолошки систем.

Според официјалните податоци, од почетокот на пандемијата, оваа островска држава, која има само 350.000 жители, има регистрирано 9.522 случаи на инфекција и 30 поч инати.




Previous articleЗаев: Тие блокираат, но ние наоѓаме решенија – го решивме големиот проблем кој го имаа граѓаните
Next articleК-15 може вода да им носи – се испотепаа за микрофонот, буквално (ВИДЕО)