Home News Германија од задутре воведува нови мерки за патници од Македонија

Германија од задутре воведува нови мерки за патници од Македонија

Германската сојузна влада почнувајќи од 22.08.2021 година, Северна Македонија ја клафицираше како подрачје со висок ризик на инфекција со Ковид-19.




Ова е напишано на Фејсбук страната на германската амбасада во нашата земја.

Затоа, посочуваат во напишаното од германската амбасада, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или Федералната полиција.




Освен тоа, се вели во објавените упатства, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат таму цело време (карантин).




Не е дозволено да се примаат посетители. Начелно овој карантин трае 10 дена. Ако поднесете доказ за вакцинација или оздравување преку порталот за влез , карантинот завршува предвреме, во моментот на поднесување.




Исто така може да се направи тест (тест за антигени или ПЦР-тест) најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез.

За лица под 12 -годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето, е напишано во упатствата од амбасадата.




Во напишаното се дообјаснува дека лица над 12 години кои примиле вакцина одобрена во Германија (види листа на Институтот Пол Ерлих), и се потполно вакцинирани, смеат да влезат во Германија за сите цели на патување, под услов од последната потребна вакцинација да поминале најмалку 14 дена.




На децата под 12 -годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, и ако самите децата не се вакцинирани.

Сите останати лица без оваа заштита од вакцинација можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид горенаведените обврските за обезбедување докази и карантин.




Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција. Амбасадата во овој случај не може да даде индивидуални изјави, соопштуваат од таму.

Повеќе информации може да најдете на веб страната на Сојузното министерство за внатрешни работи, се вели во напишаното.




Информирајте се за важечките ограничувања за влез во другите земји во Европа, апелираат од германската амбасада.

Притоа советуваат дека пред можен влез во други земји-членки на ЕУ, во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, или Швајцарија, граѓаните да се информираат кај нивните надлежни служби за важечките ограничувања за влез во овие држави.




„Можно е, Германија да Ви дозволи влез, но не и овие други држави (можеби дури иако целта е транзит за да стигнете до Германија).

Лицата кои патуваат итно се советуваат внимателно да се информираат за актуелно важечките правила за обврската за тестирање и карантинот на веб страната на Министерството за здравство на Германија“, е напишано од страна на германската амбасада во нашата држава.




Previous articleЌе се дотерам, ќе ставам кармин и излегувам надвор да живеам – конечно се спасив од таа будала
Next articleСостојбата со вирусот се усложнува, денес преку 20 упокоени лица