Home News Познатиот виролог Дростен открива кој во Германија ќе треба да прими трета...

Познатиот виролог Дростен открива кој во Германија ќе треба да прими трета доза

Оваа есен нема да има потреба од трета доза од вакцините против Ковид-19 за голем дел од оние кои веќе примиле две дози.




Заштитата која ја пружаат вакцините против Ковид-19 е многу подобра отколку онаа која ја нудат вакцините против грип, изјави вирологот Кристијан Дростен за агенцијата ДПА. Тој не очекува ниту набрзо да се појави нова варијанта на коронавирусот која би била отпорна на постоечките вакцини.




Што се однесува до постарите луѓе и припадниците на ризичните категории, Дростен смета дека трета доза од вакцината има смисла: „По половина година нивото на антитела стекнато со вакцинирањето кај многу старите луѓе опаѓа значително“, вели тој.




Оттука, инјектирање трета доза би имало смисла во опкружување како што се старечките домови, на пример. За останатиот дел од населението во иднина можеби ќе биде дефинирана старосна граница од која би било разумно да се прима трета доза.




Трета доза од вакцините веќе има во САД, Израел и други држави, а и во Германија им се дава поединечно на припадници на одредени групи. Берлинската болница Шарите веќе почна по третпат да го вакцинира својот медицински персонал.




Тука се вбројуваат оние кои втората доза ја примиле пред повеќе од 6 месеци, кои се на возраст над 60 години и кои работат во сфери каде има ризик од Ковид-19. Дростен оценува дека оваа есен ќе биде пред сѐ важно да се затворат „дупките“ во вакцинирањето на лицата над 60-годишна возраст.




Според институтот „Роберт Кох“, досега во оваа група во Германија се вакцинирани околу 85% од луѓето. Што се однесува до вкупната слика, во Германија досега најмалку една доза примиле 63,7% од населението, а 58,2% важат за целосно вакцинирани.




Најголемиот дел од болните од Ковид-19 во германските болници досега не примиле вакцина, изјави Кристијан Карајанидис, експерт за интензивна медицина од Келн. Но, во болниците има и случаи на вакцинирани пациенти:

„Во покраината Северна Рајна Вестфалија имаме 12 до 13 проценти од Ковид-пацинетите кои се вакцинирани, а завршиле во болница. Таа стапка одговара и на состојбата на сојузно ниво.“




Повеќето од пациентите се лекуваат во нормални болнички одделенија, а одделни пациенти се сместени и на интензивна нега.

Кај стационарно третираните таканаречени „вакцинални пробиви“ се работи за пациенти со ограничен имунолошки одговор, на пример како последица од медикаменозно амортизирање на имунолошкиот систем, објаснува Карајанидис.




Затоа е важно, особено на пациентите со „амортизиран“ имунолошки систем, да им се понуди трета доза.

Извор: ДВ

Previous articleСостојбата со вирусот се усложнува, денес преку 20 упокоени лица
Next articleД-р Јовановиќ: Два симптома укажуваат на делта сојот на вирусот