Home News ТАВ, концесионерот на аеродромите со најново известување за патниците

ТАВ, концесионерот на аеродромите со најново известување за патниците

Со воведувањето на новите ковид мерки кои почнаа од понеделникот во нашата држава, со соопштение до патниците се огласија и од ТАВ, концесионерот на аеродромите:




-Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија ВЛАДА за изменување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19




предизвикана од вирусот Sars-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен Весник на РСМ бр. 193 од 18.08.2021 година), се врши измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија.




Согласно најновата одлука, од денес, 19.8.2021, 21:00ч, влез во аеродромската терминална зграда ќе биде дозволен само со приложување:

– Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19; или




– Сертификат / потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или

– Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување.

*Ова не се однесува на лица под 18 години.




Влезот во аеродромската терминална зграда е на вратата Заминување С, додека излезот е на вратата Пристигнување В.
Потсетување:

Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки против КОВИД-19 што се применуваат во аеродромската терминална зграда:




Постојано носете заштитна маска. Одржувајте физичко растојание. Често дезинфицирајте ги рацете.

Практикувајте бесконтактни технологии за завршување на аеродромските процедури.




Previous articleБитолскиот професор со позитивни вести – еве кога очекува да се достигне врвот од овој бран
Next articleБоки Бургија ја раскажа приказната за забранетата љубов меѓу Вилма и Мишко