Home News Филипче објасни како ќе се постапува со лицата кои ќе додат од...

Филипче објасни како ќе се постапува со лицата кои ќе додат од Авганистан

Вчера на новинарско прашање околу можноста за воведување карантин во тетово и Гостивар поради тешката состојба со коронавирусот, министерот за здравство Венко Филипче рече дека засега нема потреба од таква мерка.




„Ги разгледуваме тие прашања. Разговаравме за овие мерки и заклучокот е дека засега нема воведување карантин, тоа сепак е голема рестрикција.

Ставаме акцент на вакцинацијата, вклучувајќи ги овие градови каде што е најголем бројот на нови случаи и на хоспитализирани, а воедно е најмал опфатот на вакцинацијатата“, изјави Филипче и апелираше граѓаните да се вакцинираат, а вакцини има доволно.




Карантин нема да има ни за граѓаните од Авганистан кои се очекува да пристигнат во земјава.

„Разработивме еден протокол, препорака, со оглед на ситуацијата и со оглед на тоа дека организирано можно е организирано да дојде поголема група луѓе и секако, да се пречекаат како што треба.

Ние не знаеме како е точно таму ситуацијата, па во таа смисла треба да им се пружи лекарска помош ако им е потребна.




Ќе стигнат жени и деца, ќе дојдат гинеколошки и педијатриски тимови, како и матични лекари за сите, за да видат дали евентуално е потребна лекарска помош“, изјави министерот Филипче.




Тој најави дека на сите овие луѓе ќе им се направи ПЦР тестирање, а невакцинираните од сите што ќе дојдат, после два или три дена од тестирањето ќе бидат вакцинирани.




„Тоа ќе се спроведе во местата односно во хотелите каде што ќе бидат сместени. Карантин нема да има бидејќи имаме ПЦР тестирање и гледаме дали се вакцинирани. Ова е поголемо внимание бидејќи организирано доаѓа поголема бројка на луѓе“, вели Филипче.




Во однос на серификатите за вакцинација и можноста за фалсификување, Филипче одговори дека контролата е во надлежност на инспекторатите.




Тој потсети дека од пред неколку дена е потврдено дека нашиот сертификат се признава во Европската Унија и соопшти дека покрај апликацијата CommonPass, од средината на следната недела европскиот сертификат ќе може да се симне и на нова апликација – Мое здравје.

„Ги имаме сите електронски алатки за инспекторатите да бидат сигурни дека граѓаните имаат веродостоен документ“, додаде Филипче.




Previous articleСе бараат нови мерки со кои Македонците од дијаспората полесно би влегувале во земјата
Next articleМетеорологот Славчо Попоски прогнозира кога ќе има нова нестабилност на времето