Home News Метеорологот Славчо Попоски прогнозира кога ќе има нова нестабилност на времето

Метеорологот Славчо Попоски прогнозира кога ќе има нова нестабилност на времето

По дестабилизацијата на атмосферата и тоа од локален карактер во текот на денешниот ден, од утре до вторник ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36, 37 степени.




Нова дестабилизација на атмосферата која на повеќе места ќе услови пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ се очекува во среда.

Во Скопскиот регион од утре до вторник ќе имаме стабилно суво и сончево време со мала локална облачност.




Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат помеѓу 33 и 34 степени. Нови услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи ќе се создадат во среда.



Извор: Метеоаларм

Previous articleФилипче објасни како ќе се постапува со лицата кои ќе додат од Авганистан
Next articleСтевчо: Струмичани се фини и гостопримливи луѓе – зошто таму не би оделе Авганистанците, наместо во Карпош