Home News Се бараат нови мерки со кои Македонците од дијаспората полесно би влегувале...

Се бараат нови мерки со кои Македонците од дијаспората полесно би влегувале во земјата

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори бараат измени на најновата Одлуката за превентивни препораки и мерки за Ковид 19 која стапи на сила во средата.




Членките на оваа Комора сметаат дека во Одлуката треба да се вметнат и лицата кои ја прележале болеста во изминатите шест месеци. Исто така, се бара по негативен тест самоизолацијата да прекине, а да се предвиди и можност за влез во државата со негативен селф антиген тест, кој може да се купи во аптека

– Во одлуката е наведено дека се воведува забрана за влез во секаков вид на угостителски објект за лицата кои не поседуваат сертификат односно потврда за извршена имунизација или сертификат за прележан ковид-19 во последните 45 дена.




Сметаме дека тука треба да се создаде можност за влез во овие објекти и за лицата кои прележале ковид-19 во изминатите шест месеци или кои ќе приложат резултат од негативен ПЦР тест или антиген тест.

На тој начин повторно се внимава на заштита на здравјето, но се создава дополнителна можност за да не бидат изолирани лицата кои не се вакцинирани, а сепак имаат стекнат имунитет или со тест докажуваат дека не се носители на вирусот, рече подпретседателот на ТУК, Мартин Ангеловски.




Од Комората посочуваат дека ставајќи акцент за заштита на здравјето како приоритет, од почетокот на здравствено-економската криза активно даваат придонес со доставување на мерките кои се ефикасни и спроведливи за намалување на трансмисијата на болеста, а истовремено имаат најмали негативни економски последици.

Одлуката предвидува од 1 септември за влез во државата да се приложи сертификат/потврда за вакцинација или потврда за прележан вирус во последните 45 денови.




Од Комората сметаат дека и тука барањето за потврдата за прележан вирус во последните 45 дена, треба да биде заменета со потврда за прележан вирус во последните шест месеци, како што е во поголем број од државите и што е согласно препораките на стручната јавноста.




-Исто така, укажуваме и на потребата спроведувањето на мерките и нивното почитување да се прави без исклучоци, бидејќи сме сведоци на ситуации каде во одредени угостителски субјекти континуирано не се почитуваат мерките и препораките, а при тоа не се соочуваат со последици, напротив претставуваат нелојална конкуренција.




Покрај тоа што веќе истакнавме дека вработените во угостителските објекти немаат правна надлежност и овластување за барање на документи за лична идентификација од посетителите, а исто така укажуваме и на опасноста од појава на фалсификувани потврди за вакцинација или за прележан вирус, за кои вработените во угостителските објекти немаат никаква надлежност. Ако инспекциите утврдат таков случај, одговорност треба да се бара од носителот на сертификатот, а не од објектот, вели Ангеловски.

ТУК има и дополнителни барања кои се однесуваат на туризмот.




– Во одлуката во која се регулираат новите мерки е дозволено за да се влезе во државата, покрај поседување на сертификат за примена вакцина или потврда за прележан вирус да се одбере и можност седумдневна изолација. Во овој дел бараме изолацијата да може да биде прекината по приложен негативен тест.




Тоа значи дека граѓаните на самите гранични премини да си земат документ за самоизолација, а истата да може да биде прекината со приложување на негативен ПЦР тест или антиген тест уште во наредните 24 часа. Исто така потребно е во меѓуграничните зони да се воспостави можност за изработка на тестови за ковид-19 кои ќе бидат по достапни цени.




За намалување на трошоците на граѓаните добро е во мерките да се предвиди можноста за влез во државата со негативен селф антиген тест, кој може да се купи во аптека, посочи Ана Марија Алексова.

Таа истакна дека туристичката сезона сè уште трае и треба да се креираат мерки со кои ќе се создадат услови за таа да може да се заврши и на безбеден и сигурен начин да се реализираат аранжманите кои беа одложени од минатата година.




-Со измените кои ги бараме и кои се веќе доставени до Владата сметаме дека ќе се постигне подобра заштита на колективното здравје, како и намалување на штетните економски последици, рече Алексова.

Previous articleЕве како Путин ја испрати во пензија Меркел Ангела (ВИДЕО)
Next articleФилипче објасни како ќе се постапува со лицата кои ќе додат од Авганистан