Home News Стевчо: Струмичани се фини и гостопримливи луѓе – зошто таму не би...

Стевчо: Струмичани се фини и гостопримливи луѓе – зошто таму не би оделе Авганистанците, наместо во Карпош

Статус на Стевчо Јакимовски:




„Во 2017та предупредував дека во Бардовци ќе се гради камп за мигранти и никој не ми веруваше.

Впрочем тогаш никој ништо не ни веруваше. Беше вистинско лудило или што би рекла кумановката: “Иде Дунав”.




Лагите, еуфоријата да се донесе СДСМ на власт беа големи колку Дунав. Но, после 4 години еве ја повторно истата тема -“Кампот за мигранти во Бардовци”.




Бардовчани протестираат, а мислам дека треба да им се приклучат и сите карпошани зошто преку глава ни е од се и сешто во Скопје и би било добро малку да дисперзираме од моќта во главниот град.




На пример би било интересно овој камп да се гради во Струмица. Има простор колку сакаш, струмичани се гостопримливи луѓе, премиерот ни е од таму. Колку ќе биде убаво кога мигрантите ќе доаѓаат, премиерот како и обично со раката на срце и прекрасна насмевка ќе ги пречека како вистински домаќин.




На своето – во Струмица, а не на туѓо во Карпош.
Со право се бардовчани загрижени, не знаат дали со новите комшии имотите и нивната безбедност ќе биде загрозени.

Тие упорно вртат еден телефон, што е и нормално, во својата општина Карпош, но од таму градоначалникот не ги удостојува ниту со телефонски разговор, а камо ли да ги удостои со средба како негови граѓани.




Тоа е безобразлук, игнорирање на реален проблем од кои се плашат овие луѓе и логично е градоначалникот да ги удостои.

Да ја сподели нивната загриженост или да ги поддржи во нивните напори или пак да си застане зад својата влада. Трето нема.“




Previous articleМетеорологот Славчо Попоски прогнозира кога ќе има нова нестабилност на времето
Next articleПолни болниците – за 12 часа преку 100 пациенти – доктор од Куманово повикува на масовна имунизација